Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

август 14, 2026

Предметот против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

август 14, 2026

Мртви ирваси ги збунија истражувачите на Свалбард

август 14, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски
  • Предметот против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
  • Мртви ирваси ги збунија истражувачите на Свалбард
  • „Гугл асистент“ оди во историјата
  • Бургас домаќин на „Евросонг“ в година
  • Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија
  • Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, шест пожари се активни и утрово
  • СДСМ: Македонија е вторa во Европа по ѓубре
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скандалозно: „Утрински“ и „Вест“ ги затворија заради загуби, а Станисављева земала плата од 25.000 евра
Политика

Скандалозно: „Утрински“ и „Вест“ ги затворија заради загуби, а Станисављева земала плата од 25.000 евра

мај 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија тоне според индексот на медиумски слободи. Државата е рангирана во категоријата неслободни земји.

Се затвараат, се тепаат и се заплашуваат новинари или заради нивна политичка неподобност им се делат откази од работа.

Во целост се деградираше новинарската професија и се загуби довербата кај граѓаните.

Наместо улогата на медиумите да биде слободно и одговорно информирање на јавноста, весниците и телевизиите ги исполнуваат желбите на политичките и економските моќници.

Медиумите не се она што треба да бидат. Тие не се дел од демократскиот процес. Наместо да се контролори на владата и претставници на граѓаните, тие се долгата рака на власта.

Постојано под финансиски притисоци новинарите принудени се уредувачките приоритети да ги усогласат со приоритетите на „политички и економски центри на моќ, а не на јавниот интерес”.

Мешавината на ниски примања кои се исплаќаат доцна, слаба сигурност на работата, работа без договор или со лесно раскинливи договори претставува дополнителен облик на притисок што поттикнува автоцензура, отежнува независност, квалитетно новинарство и фаворизира „таблоизација“.

Медиумската сцена во моментов е во бурен и непредвидлив период на промени и прекројувања.

Под сомнителни околности се продаваат медиуми или заради нерентабилност се затвараат.

Последното од низата скандалозни медиумски случувања е згаснувањето на некогаш многутиражните дневни весници „Утрински весник“ и „Вест“.

Од менаџментот на компанијата „МПМ“ беше истакнато дека весниците ќе излегуваат само во електронска форма и дека повеќето од вработените ќе бидат отпуштени од работа, а затворањето на двата весника го „оправдуваа“ со финансиски загуби.

Актуелно.мк деновиве стаса до документ на којшто е наведен износот на месечни примања на донеодамнешниот прв човек на компанијата, Јана Станисављева.

dogovor 111

Во услови кога компанијата се соочувала со финансиски проблеми Станисављева земала месечна плата од неверојатни 25 илјади евра.

Друштвото имало обврска најдоцна до 10-ти во месецот да и исплаќа износ во висина од 1.345.000 денари.

Дополнително, и биле платени трошоци за бензин, за доаѓање и одење од работа, дневници и слично.

Кај правните експерти постои сомневање дека во случајов станува збор за направен штетен договор, односно за направена злоупотреба при склучување на договори со заинтересирани страни.

Соговорниците велат дека одговорно лице во правно лице кое свесно при склучување на договор со заинтересирана страна, ќе ги прекрши законските прописи на начин што ќе предизвика значителна имотна штета на интересите на правното лице, на трети лица или пак ќе предизвика значителна имотна корист ќе биде санкционирано со парична казна, но и со казна затвор од 6 месеци до три години.

Во законот се предвидува и тоа дека за вакво дејство кое што е противзаконско, во случај кога одговорното лице за себе ќе прибави поголема имотна корист или пак ќе го оштети интересот на правното лице позначително, тогаш лицето покрај паричната казна ќе добие и казна затвор од 1 до 5 години.

Дополнително законот предвидува дека доколку во ваков случај, едно лице противзаконски стекне позначителна имотна корист, истото лице ќе биде санкционирано со значителна парична казна.

Деновиве попусти беа обидите да добиеме каков било коментар од Станисављева, која од неодамна е на ново работно место, или од кој било друг од компанијата МПМ.

актуелно Вест загуби Јана Станисављева МПМ Утрински весник штетен договор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

август 14, 2026

Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, шест пожари се активни и утрово

август 14, 2026

СДСМ: Македонија е вторa во Европа по ѓубре

август 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.