Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман на Уставот
Македонија

Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман на Уставот

декември 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани го утврди XXXV нацрт-амандман на Уставот, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

Пратениците од власта и од опозицијата во текот на дебата останаа на своите позиции за и против промена на Уставот согласно Договорот од Преспа. За опозицијата власта нема мандат за усвојување на уставните измени, за кои нема ниту консензус, а со него добива само Грција. За владејачкото мнозинство со договорот добива Македонија, се зацврстува државноста и националниот идентитет и се отвора патот за членство во ЕУ и НАТО.

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека овој амандман не менува ништо а суштината на промената е во промената на името. Смета дека и од Грција треба да се побара да ја вметне истата оваа одредба за да покаже вистинско пријателство.

Заменик министерот за надворешни Андреј Жерновски реплицираше дека станува збор за амандман со кој двете земји меѓусебно заемно гарантираат неповредливост на границите.

„Македонија е единствена во регионот која има решено границата со своите соседи. Ова треба заемо како власт и опозиција да го објасниме на своите граѓани. Ниту една држава во регионот го нема решено тоа прашање. Ако погледнеме во регионот кои прашања се отвораат не може да кажеме дека ова е небитно прашање. Со овој аманмдман ги решаваме дефинитивно границите на Македонија, рече Жерновски.

На ова, Илисоки реплицираше дека заемно ќе биде ако истата реченица се најде и во Уставот на Грција.

Иван Иванов побара да се повлече овој амандман, бидејќи е уреден со меѓаународното право и се подразбира сам по себе. Македонија рече докажала дека е мирољубива и конструктивна членка на меѓународната заедница, а во дополнението на членот 3 во Уставот, на барање на Грција веќе се изјаснила дека нема територијални претензии кон соседните држави.

Илија Николовски од Партијата на пензионери рече дека почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави  е императив за зачување и изградба на стабилност и мир  на балканските пристори. Според него, Уставот не е библија и тој се усвојува и менува во Парламнетот, а нивната партија има принципиелен став за поддршка на Договорот.

„Треба да си подадеме рака во овој историски момент кога треба да донесеме еднан историска одлука која ја дефинира иднината на нашата држава, на граѓаните и на идните генерации, рече Николовски.

За Невена Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ се отвара дилема дека во третата фаза ќе ги добијат вистинските амандмани за промена на Уставот, а овие амандмани се пратени во про форма за полесно да поминат кај граѓаните, бидејќи се вели „скандалозно“ напишани. Откако ќе поминат овие уставни измени, Грција, вели, нема да застане во своите барања и ќе испорача нови.

По изгласување на овој амандман започна дебатата и за XXXVI нацрт-амандман, последниот предвидените четири, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците. Со него Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

амандмани македонија собрание Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.