Собранието донесе историска одлука. Македонија избра светла иднина наместо изолација и темно минато. Патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО е отворен а најголема заслуга за тоа имаат граѓаните, но и 80 пратеници во Собранието кои слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО. Историјата долго ќе го памети изборот што пратениците го направија вчера. Донесена е одлука што ја одредува иднината на нашата земја, што ја одредува иднината на секој граѓанин и на генерациите што доаѓаат. Христијан Мицкоски, Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ вчера уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, поделби, криминал и сиромаштија. Но Македонија кажа доста на поделбите создавани од Груевски, неговиот пион Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните и огромното мнозинство во Собранието одбраа Македонија да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. Пратениците се охрабрија, се одважија и донесоа одлука за иднината на државата. Создадени се услови за уште поголема поддршка во Собранието за спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Сега Македонија е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна европска иднина за која сите ние се боревме и сонувавме 27 години. Сите ние сме дел од еден историски момент. Тој историски момент повикува на обединување. Тоа ни е потребно како никогаш досега. Македонија се помирува, Македонија се обединува натпартиски и надетнички, 80 пратеници ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на државата. Време е сите пратеници да го следат тој чекор и да се приклучат. Сега е време да тргнеме заедно на патот што нè води во ЕУ и НАТО. Така нè личи. Заедно. |
АКТУЕЛНО
- ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
- На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
- СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
- Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
- Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
- Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
- Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
- Наскоро следува продолжен викенд







