Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Состанок на Путин и Ердоган во Сочи
СВЕТ

Состанок на Путин и Ердоган во Сочи

септември 29, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и турскиот лидер, Реџеп Таип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за трговско-економските односи и регионалните проблеми – Сирија, Авганистан, Либија, како и за други прашања.

Турскиот политиколог Мехмет Перинчек укажува на значењето на заедничката акција на Русија и Турција по прашањето за состојбата во Идлиб и на целиот Блиски Исток во моментите на намалувањето на присуството на Соединетите Американски Држави во источниот медитеран и на евроазискиот простор.

„Состанокот на Путин и Ердоган во светлото на поразот на САД, меѓу останатото во Авганистан, добива на уште поголемо значење. Гледаме дека Американците го губат претходното влијание, додека регионалните играчи добиваат на значење. Во овој период Русија и Турција играат посебно важна улога. Се разбира, во турско-руските односи постојат прашања кои араат решение, и паралелно со тое тие треба да донесат одлуки за заеднички акции во рамки на единствена стратегија за осигурување на единството на регионалните држави, нивната економска благосостојба, националната безбедност“, смета експертот.

Тој смета дека главна тема на престојниот состанок ќе биде Сирија. Подрачјето на Идлиб и територијата источно од Еуфрат ќе се разгледува како единствен фронт, во чии граници би требало да се покрене процес за ликвидација на терористичките елементи.

„Турција и Русија постигнаа договор за Сирија во текот на астанскиот процес, чиј најважен принцип е осигурувањето на територијалната целовитост на Сирија. Радикалните терористички групи во Идлиб и сепаратистичките терористички организации источно од Еуфрат се борат и против Турција и против Русија, додека зад нив стојат Соединетите Американски држави. Без елиминирање на радикалните терористички групи не може да се заврши сепаратистичкиот тероризам, и обратно. Москва и Анкара треба тоа јасно да го знаат“, рече Перинчек.

Политичкиот аналитичар, новинарот Џејхун Боскурт се сложува со Перинчек кога станува збор за клучните теми за кои ќе се разговара на претстојниот состанок во Сочи.

„Очигледно е дека ќе се разговара за прашања како што е состојбата во Идлиб, активностите на курдските формации во Сирија, состојбата во источниот Медитеран, Либија, Крим, состојбата на Јужен Кавказ, соработката во сферата на одбранбената индустрија…“, истакнува Боскурт. Тој, исто така, потсети дека „во последно време растат тензиите околу Идлиб“.

„Воздушните напади на руските воени сили на територијата јужно од автопатот М4, Турција ги доживува како напад на присуството на нејзините Вооружени сили во регионот, што многу ја загрижува Анкара. Покрај тоа, присуството на курдската партија Демократски сојуз (прогласена во Турција за терористичка) во Сирија претставува закана како за територијалниот интегритет на Сирија, така и за безбедноста на турската граница. Двете земји би требало да се фокусираат на решавање на тие две прашања со одржување на индиректни контакти со официјален Дамаск“, смета експертот.

Покрај тоа, истакнува Боскурт, во последно време се дадени „прилично остри изјави на тема – Крим, а исто така се забележливи несогласувања по прашањето за Кипар“.

„Барањето допирни точки за тие теми би требало да биде насочено на тоа Русија и Турција да се изборат со западното повлекување. Во актуелните околности, односите меѓу Турција и Русија би требало да бидат ориентирани на долгорочни цели и трансформирани во стратешка соработка, што одговара на интересите на двете држави. Јакнењето на односите е засновано на одредена основна спогодба меѓу Анкара и Москва во поглед на најосетливите точки. Ако таа биде реализирана, Турција и Русија ќе бидат меѓу водечките сили кои ја одредуваат глобалната политика на евроазискиот простор“, заклучи Боскурт.

 

 

(Фото: АП)

авганистан актуелно Анкара Владимир Путин Москва Реџеп Таип Ердоган русија сирија Сочи турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.