Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборите
Македонија

Спасовски: МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборите

октомври 15, 2021Updated:октомври 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изборите секогаш претставуваат демократски испит за зрелоста на една држава. Така ќе биде и со (седмите по ред) Локални избори 2021, на чиј праг сме. Наша заедничка задача e не само  успешно да го положиме тој испит, туку и да ја поставиме нашата држава на едно ново, повисоко квалитативно ниво, што впрочем се очекува да претставува основна цел на сите политички субјекти. Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава! Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да ги избереме идните преставници на локалната власт, како што доликува на земја која е членка на НАТО и е на пат за членство во Европската унија.

Почитувани граѓани,

Моето длабоко уверување е дека на 17 октомври нашата татковина ќе го положи својот демократски испит на зрелоста. Политичката свест кај граѓаните на Република Северна Македонија за одговорноста која ја имаат пред иднината на својата држава е на едно високо ниво. Интегритетот на изборниот процес зависи од целосното почитување на основните демократски принципи, според кои граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја преку гласачките кутии, во мирна атмосфера, без каква било форма на притисок, а притоа почитувајќи ги и мерките за заштита од Ковид-19.

Министерството за внатрешни работи има една од клучните улоги во спроведувањето на изборните процеси и ги презема сите надлежности што се предвидени со Изборниот законик. Од доставување на податоците потребни за ажурирање на Избирачкиот список, преку обезбедување услови за мирна, целосно безбедна, фер и демократска атмосфера, како во текот на целиот изборен процес, така и на самиот ден на изборите, па сѐ до обезбедување, преземање и враќање на изборниот материјал во ДИК. Значи, МВР е максимално подготвено да одговори на предизвиците околу безбедноста на изборниот процес.

Апелирам, најнапред до носителите на изборните активности, кандидатите за градоначалници и политичките субјекти што ги поддржуваат тие кандидати, да ги остават граѓаните самостојно да си ја донесат одлуката. Борбата на идеи е втемелена во нивните изборни програми, кои имаа можност да ги претстават за време на предизборната кампања. Сега е редот на граѓаните да го направат изборот според сопствените убедувања!

Но, би сакал да ја искористам оваа последна прилика пред почетокот на предизборниот молк да испратам порака и до граѓаните – бидете партнери на македонската полиција, затоа што  безбедноста е наша заедничка цел! Партнерскиот однос значи и размена на информации, навремено пријавување во МВР на евентуални незаконски активности во врска со изборниот процес, нарушувања на вашето избирачко право или било каква злоупотреба на тоа уставно загарантирано право. Ние сме тука соодветно да одговориме, полицијата е подготвена да биде гарант за заштита на законитоста, редот и безбедноста.

Нека биде заедничко задоволството на крајот на овој изборен процес да констатираме дека  сме имале беспрекорен изборен ден, дека заеднички сме придонеле за фер и демократски избори, кои ќе го подигнат уште едно скалило погоре меѓународниот углед на земјата. Нека биде ова заедничка победа на демократијата и евроатлантските вредности!

актуелно избори мвр подготвен Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.