Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски од Порторож: Границите на Република Северна Македонија и на целиот регион се контролирани
Македонија

Спасовски од Порторож: Границите на Република Северна Македонија и на целиот регион се контролирани

април 4, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Порторож, Република Словенија, учествуваше на двете сесии од 11. Неформален состанок на министри за внатрешни во рамки на Брдо процесот, со обраќања и одговори на прашања од организаторите.

Во рамки на првата сесија насловена „Патот напред кон регионалната соработка во борбата против криумчарењето мигранти“, министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги развива своите капацитети за соодветен одговор во сузбивањето на организираните криминални групи, континуирано подобрување на меѓународната соработка со посебен акцент на соседните земји преку склучување мултилатерални и билатерални договори за соработка при спроведување на истраги за криумчарење на мигранти.

„Како МВР ја подржавме иницијативата на Република Словенија за воспоставување на мрежа на национални контакт точки за да се насочи и координира размената на оперативни информации, особено и од аспект на активностите при формирање заеднички истраги за сузбивање на меѓународни организирани криминални групи. Предлогот за вклучување на други надлежни органи, односно јавното обвинителство кое како институција има огромна важност во размената на искуства, модус операнди, исто така, го подржуваме, имајќи превдид дека јавниот обвинител може значително да придонесе во продлабочување на меѓусебната оперативна соработка и во ефективност на истрагите кои што ги спроведуваме и тоа не само во областа на криумчарење мигранти”, рече Спасовски.

Во однос на употребата на наменски аналитички алатки, тој истакна:

„Би сакал да напоменам дека во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во тек е унапредување на интегрираниот пристап на меѓу-институционална размена на податоци. Континуираното унапредување на аналитички системи од конкретни позитивни пракси е секогаш добредојдено и во оваа насока ја поддржувам и одлуката на директорите на полициските служби за користење на платформата ‘шеар поинт’ (Share Point)”, рече Спасовски, при што констатираше дека соработката со словенечките експерти се продлабочува и дека е полезно да се искористи нивната експертиза и искуство за унапредување на постоечките капацитети за водење на истраги и сигурна размена на податоци меѓу надлежните национални служби, побрзо идентификување на криумчарите на мигранти и откривање на членови на организирани криминални групи.

Во втората сесија на тема „Кон холистички пристап за управување со враќањето и соработка за реадмисија со акцент на доброволно враќање и реинтеграција“, Спасовски ја истакна досегашната поддршка на меѓународната заедница, особено на Европската комисија и земјите членки, кои имаат огромен удел во оперативното постапување и брзата и навремена размена на податоци, како и во зајакнувањето на прекуграничната соработка.

„Време е да кажеме дека границите на Република Северна Македонија и на целиот регион се контролирани и дека е постигнат значителен успех во управувањето со миграциите. Оваа премиса ќе важи кога – меѓу другото – ќе биде воспоставен ефикасен механизам за враќање, доброволно и присилно, во земјите на потекло, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција, ќе постојат ефикасни политики за реадмисија како важни аспекти на управувањето со миграцијата и областите во кои сите ние се соочуваме со сериозни предизвици поради неможноста ефикасно да се вратат дел од илегалните мигранти во нивните земји на потекло. Главната причина за овие предизвици е немањето договори за реадмисија или нивното неспроведување и неможноста да се утврди идентитетот на мигрантите, односно по официјален пат да се извршат соодветни проверки со надлежните служби во нивните матични земји”, рече министерот Спасовски изразувајќи благодарност до пријателите и експертите од Европската комисија и нејзините агенции, Фронтекс и Европол, за поддршката и пружената помош во борбата против илегалната миграција.

актуелно граници контролирани македонија Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.