Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на вчерашната средба со граѓаните на Маврово – Ростуша им порача дека клучно за оваа општина е создавањето подобри услови за живот, за младите да можат својата иднина да ја градат во својот роден крај и да запре иселувањето.
„Како што покажавме во изминaтите 100 дена, дека може да се работи одговорно, отчетно и во интерес на граѓаните така и ќе продолжиме. Владата и премиерот Зоран Заев се цврсто решени да му помогнат на Маврово – Ростуша не само да живее, туку повторно да биде едно од најубавите места за живот во Македонија.
„Со новата локална власт предводена од СДСМ заеднички ќе изградиме инфраструктура, водоводни и канализациски мрежи за секое населено место, за сите. Заеднички ќе се бориме за секое ново работно место, ќе го развиваме туризмот и ќе ја заштитуваме природата во овој крај, порача Спасовски.
Посочи дека е потребна силна поддршка за кандидатите и советничките листи на СДСМ за промените што започнаа на парламентарните избори минатата година, да продолжат и на локално ниво, за живот во Македонија за сите.







