Во Грачаница денеска косовската полиција го уапси Драгиша Миленковиќ (51), потврдија за „Косово онлајн“ членови на неговото семејство.
Миленковиќ, кој беше уапсен нешто по 10 часот, е обвинет за воени злосторства.
Во апсењето учествувале припадници на Специјалната единица за криминал при косовското Министерство за внатрешни работи.







