Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СРБИЈА ВО ЈУЛИ ИМА ИНФЛАЦИЈА ОД 4,3%: Поскапеа лебот, кафето, бензините, кондиторски производи…
Економија

СРБИЈА ВО ЈУЛИ ИМА ИНФЛАЦИЈА ОД 4,3%: Поскапеа лебот, кафето, бензините, кондиторски производи…

август 13, 2024Updated:август 13, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Инфлацијата во Србија во јули, на годишно ниво, според податоците на српскиот Републичкиот завод за статистика изнесува 4,3 отсто, што е на линија која е во склад со проекциите на Народната банка на Србија, објави централната банка.

Како што се наведува во соопштението, инфлација во јули изнесувала 0,4 отсто, што е еднакво на просечните месечни остварувања од почетокот на годината.

Во него се нагласува дека месечната динамика на инфлацијата во јули е одбележана со еднократни поскапувања кај одредени категории преработена храна (леб, кафе, кондиторски производи чии цени го одразуваат растот на цените на овие производи на светскиот пазар или суровините кои се користат во нивното производство), како и зголемување на цените на услугите и во мали мерки на повисоките цени на нафтените деривати.

Од НБС додаваат дека во рамките на цените на храната, чијшто придонес во вкупната инфлација втор месец по ред е неутрален , зеленчукот поевтинел за 6,3 отсто, со што е неутрализиран растот на цените на преработките од споменатите 0,9 отсто.

Гледано на годишно ниво, според податоците на Централната банка на Србија, растот на цените на храната изнесува 1,4 отсто, додека цените на зеленчукот во просек се пониски отколку од јули лани за 14,1 отсто. јави Танјуг.

Цените на производите и услугите во рамки на базната инфлација во јули пораснале за 0,7 отсто, за што, како и во претходните месеци, најмногу придонесе зголемувањето на цените на услугите – сезонскиот раст на цените на туристичките пакет-аранжмани, привременото зголемување на цената на услугите за испорака на пакети, како и повисоките цени за изнајмување.

Од НБС истакнуваат дека на годишно ниво базната инфлација во јули останала непроменета и изнесувала 5,1 отсто, што е ниво околу кое се движеше во последните месеци.

Се наведува и дека цените на енергенсите во јули, во однос на јуни, се зголемени за 0,5 отсто, што во целост се должи на растот на цените на нафтените деривати од 1,9 отсто, а на меѓугодишно ниво, растот на цените на енергенсите во јули изнесувал 6,8 отсто.

актуелно банка инфлација Кафе нафта србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.