Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Бен Валас-Шекеринска во Лондон: Добродојдовте во НАТО!
Политика

Средба Бен Валас-Шекеринска во Лондон: Добродојдовте во НАТО!

декември 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Добродојдовте во НАТО“ – и порача британскиот министер за одбрана Бен Валас на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата во Лондон.

Средбата , како што соопшти Министерството за одбрана, се реализира во пресрет на Лидерскиот самит на НАТО – Алијансата каде прв пат нашата држава активно учествува на состанок на шефовите на држави и влади на земјите – членки.

„Ги цениме бргу завршениот процес за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО и континуираната британска поддршка на одбранбените реформи. Нашиот фокус ќе биде развојот на способности и капацитети како членка на НАТО“, рече министерката Шекеринска и додаде дека во споредба со 2017 буџетот за одбраната е дуплиран, а над 20 отсто од буџетот за 2020 е наменет за опремување и модернизација на Армијата.

Министерката Шекеринска кажа дека преку интензивната советодавна помош од страна на Обединетото Кралство, со повеќе советници во доменот на одбранбените реформи и трансформацијата на Армијата, Северна Македонија успешно го спроведе пристапниот процес во НАТО.

Британскиот министер за одбрана, Валас изрази задоволство од фактот што Северна Македонија е пред последниот чекор до полноправно членство во НАТО.

Тој рече дека Обединетото Кралство силно ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата и е подготвено да ја даде сета потребна поддршка во развојот на подофицерскиот кадар и во обуката на Лесната пешадиска баталјонска група.

Северна Македонија и Обединетото Кралство се вистински сојузници во Алијансата, пријателски земји кои имаат исклучително развиена и одбранбена соработка, се согласија министрите за одбрана на двете земји.

Интензивната одбранбена соработка помеѓу двете земји опфаќа голем број на полиња, вклучувајќи и школување на припадници на Армијата на најпрестижните воени школи во Велика Британија како Кралскиот колеџ во Лондон, Командно-штабниот колеџ во Шривенам, Универзитетот Кренфилд, Кралската воена академија Сендхрст и колеџот Кранвел.

актуелно Бен Валас лондон НАТО средба шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.