Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СРЕДБА КОВАЧЕВСКИ-РАМА ВО СКОПЈЕ: Берлинскиот процес е поголем од Отворен Балкан !
Македонија

СРЕДБА КОВАЧЕВСКИ-РАМА ВО СКОПЈЕ: Берлинскиот процес е поголем од Отворен Балкан !

јули 6, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанскиот премиер Еди Рама од Скопје порача дека не носи вест за смртта на иницијативата „Отворен Балкан“, но таа треба да се тргне малку настрана, со цел нов фокус на Берлинскиот процес.

За македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, „Отворен Балкан“ е жив и не е во спротивност со Берлинскиот процес.

Прашањето дали е жива иницијативата „Отворен Балкан“ не е прашање на живот или смрт, но тоа е само една од 72 иницијативи која сега треба да се остави малку настрана за да се фокусираме на Берлинскиот процес. Ова го изјави на 6 јули албанскиот премиер Еди Рама при неговата посета на Скопје како дел од турнејата низ регионот во пресрет на Самитот во Тирана за Берлинскиот процес наесен.

„Ако сакате да ви обзнанам вест за смртта, тоа го немам и нема да го направам. Животот е убав затоа што секој може да си ја пее својата песна во слобода и демократија. Секој може од вас може да си одбере да си ја пее својата песна, кој очекува дека ‘Отворен Балкан’ потфрлил, нека си ја отпее таа песна за крај на ‘Отворен Балкан’, кој го поддржува нека продолжи да ја пее песната за понатамошниот живот на ‘Отворен Балкан’“, одговори Рама на прашањето дали оваа иницијатива е се уште жива.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, пак децидно тврди дека приказната со „Отворен Балкан“ не е завршена и не е во спротивност со Берлинскиот процес.

„’Отворен Балкан’ не ја заврши својата мисија, со оглед на тоа што таа иницијатива се залага за истите вредности за кои се залага Берлинскиот процес, како поголем процес кој ги вклучува сите без исклучок“ истакна Ковачевски.

Ковачевски вели дека резултатите од оваа иницијатива се видливи и тие кои што не се приклучиле кон неа, не успеале да ги унапредат односите и економската соработка во регионот како овие три земји.

Рама: Иницијативата Отворен Балкан „си ја заврши мисијата“

Прашањето за тоа дали оваа иницијатива е жива или не се наметна по изјавата на Рама на 1 јули во интервју за Еуроњуз Албанија, каде што тој посочи дека „Отворен Балкан“ си ја заврши својата основна мисија.

На ова српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „не може да верува оти Рама рекол такво нешто“. Албанскиот премиер и Вучиќ утре во Белград веројатно ќе ја расчистат оваа дилема.

Иницијативата, која првично беше наречена Мини Шенген а потоа преименувана во „Отворен Балкан“, беше покрената на 10 октомври 2019 година во Нови Сад, и потпишана од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и тогашниот премиер на Македонија, Зоран Заев.

Но, таа во тој период беше одбиена од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Илјада пати да се вратам назад, илјада пати ќе бидам основач на Отворен Балкан“, рече Рама и нагласи дека нема ништо лошо во таа иницијатива и дека од неа има само придобивки.

Ковачевски вели дека резултатите од оваа иницијатива се видливи и тие кои што не се приклучиле кон неа, не успеале да ги унапредат односите и економската соработка во регионот како овие три земји. Тој додаде дека една од главните теми на денешната средба со Рама била подготовката за Самитот во Тирана за Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 16 октомври.

Што е Берлинскиот процес?

Берлинскиот процес е меѓувладина иницијатива чија цел е да ги поврзе земјите од Западен Балкан и Европската Унија и да им помогне да градат меѓусебни односи врз основа на европските вредности. Основана е во 2014 година на иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

Таа служи како платформа за соработка на високо ниво меѓу официјалните претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија, а фокусот е создавање на заеднички регионален пазар, со околу 18 милиони луѓе.

Самитот на Берлинскиот процес се одржува еднаш годишно, а последниот се одржа во ноември 2022 година во Берлин. Тогаш сите земји од Западен Балкан на самитот потпишаа идентични договори и се обврзаа да ги ратификуваат.

Според Рама, сите земји од Западен Балкан треба, како што вели, „со срце“ да го поддржат Берлинскиот процес како што покажа и „Отворен Балкан“, дека кога земјите се сплотени ќе донесат поголеми резултати.

„Берлинскиот процес е мост, чии столбови треба да се зајакнат, за ние да се фокусираме на тој мост, да не се дефокусираме од други струи и ветрови, од ‘Отворен Балкан’ или други нешта, туку само да се фокусираме на тој процес“, истакна Рама.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Радио Слободна Европа)

актуелно албанија балкан димитар ковачевски Еди Рама македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.