Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Филипче-Тавила: Северна Македонија има еден од најдобрите системи за рано предупредување на болести и епидемии во регионот
Во Фокусот

Средба Филипче-Тавила: Северна Македонија има еден од најдобрите системи за рано предупредување на болести и епидемии во регионот

февруари 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Министерот за здравство Венко Филипче одржа координативен состанок со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила и претставници на агенциите на Обединетите Нации: UNDP, UNFPA и UNICEF кои имаат директна поврзаност со системот на здравство“, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во врска со корона вирусот Филипче, по средбата што се одржала вчера, изјави дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација што доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

„Соработката со СЗО продолжува и натаму. Во овој момент е актуелно прашањето на епидемијата од корона вирус. Многу е тешко сега да се претпостави кога епидемијата ќе го достигне пикот, има се повеќе и повеќе нови случаи, пред сé во Кина. Можам да кажам дека ние сме целосно подготвени да се соочиме со овој предизвик. Целосно е подготвен здравствениот систем во смисла на превенција и препознавање на случаи, патници коишто биле во контакт со заразени пациенти. Имаме организиран систем со кој авио-компаниите ни укажат на тоа доколку некоја група патници доаѓа од Кина. Кај нас, ниту пак во регионот нема сомнителни ниту позитивни на корона вирус. Целиот систем е спремен, како превентивниот систем така и системот на препознавање и системот на транспорт. Спремни се одделенијата во инфективните болници, имаме во овој момент сосема доволно опрема, во фаза сме на набавка и на дополнителна медицинска опрема, како и заштитна во случај да тоа се изнуди како потреба и се појави еден или повеќе заразени пациенти“, истакнува Филипче.

„Би сакала повторно да ги уверам сите дека одблизу ја следиме ситуацијата, капацитетите на земјата се подготвени во случај на можно појавување на корона вирусот. Системот за рано предупредување и рана интервенција е прилично добар. Ние велиме дека Северна Македонија има еден од најдобрите системи за рано предупредување во однос на болести и епидемии во целиот регион“, изјави Тавила.

Засега, Министерството за здравство има информација за двајца наши државјани што се позитивни на корона вирус, еден член на екипажот на јапонскиот крузер хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика и уште една наша државјанка која е во изолација во болница во Франција. За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки.

актуелно средба Тавила филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.