Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Српската опозиција почна со бојкот на Собранието
СВЕТ

Српската опозиција почна со бојкот на Собранието

февруари 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратениците од партиите кои се дел од Сојуз за Србија (СзС), моментално најсилниот опозициски блок, почнаа со бојкот на работата на српскиот парламент. Во бојкотот учествуваат и пратениците од Клубот на независни пратеници, кои не се членки на Сојузот за Србија, но се потписници на „Договор со народот“ и листата на барања за фер и слободни избори.

Шефовите на опозициските парламентарни групи најавија дека за дневниот ред на денешната седница ќе разговараат на секои половина час во собраниската сала.

Тие порачаа дека бојкотот е нивна обврска кон граѓаните кои протестираат во Србија и дека на овој чекор се обврзани со Договорот со народот, кој го имаат потпишано.

„Ние, потписниците на „Договорот со народот“ сме сериозни луѓе и една од точките на документот е напуштање на сите институции и тоа што го потпишавме сега го спроведуваме. Опозициските пратеници ќе ги напуштат и седницата на локалните собранија. А ние на секој половина час ќе држиме конференци на кои ќе зборуваме за законите што се на дневен ред. Сите нека дознаат дека во Србија од денеска постојат две собранија – насилнички, узурпаторски и демократски, кој ќе заседава во ходникот на Собранието, изјави лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој е член на СзС.

СЗС најави дека ќе бараат оставка од министерот за образование Младен Шарчевиќ и на сите останати од извршната власт, како и од претседателката на Собранието Маја Гојковиќ да поднесат оставки, бидејќи, како што рече заменик-претседател на Народната партија (НС) Мирослав Алексиќ, истите ги имаат повеќепати прекршено законите и Уставот.

„Во Србија денеска е колапс на системот, не работи ниту една институција, сите институции се киднапирани од страна на еден човек. Усвојувааат закони „на килограми“ и Собранието го користат како проточен бојлер. Ние нема да им дадеме легитимитет на колапсот на институциите, истакна Алексиќ.

Шефот на парламентарната група на Демократската партија (ДС) Горан Ќириќ истакна дека бојкотот е обединета порака што опозицијата ја испраќа на граѓаните кои учествуваа во протестите.

На денешното заседание на Собранието, од останатите опозицијски партии учествуваат само пратениците на Српската радикална партија на Воислав Шешељ, лидерот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ и Лигата на социјалдемократите на Војводина.

Како реакција на овој чин на српската опозиција се јави шефот на пратеничката група на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Александар Мартиновиќ, кој посочи дека членовите на СзС, кои ја бојкотираат работата на Собранието, продолжуваат со старата пракса „да ја бојкотираат својата работа, но не и привилегиите што ги имаат во Собранието“.

„За бојкотот на пратениците, кои припаѓаат на така наречениот Сојуз за Србија, тие продолжуваат со старата пракса – ја бојкотираат нивната работа, но не и привилегиите што ги имаат во Собранието. Пред некој ден платите и паушалите се исплатени, овие господа истата ја примија, но не се појавија на седницата, истакна шефот на парламентарната група на СНС, Мартиновиќ.

Тој поединечно ги прочита имињата на пратениците кои не дојдоа на седницата.

бојкот опозоција парламент србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.