Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас
СВЕТ

Стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас

мај 21, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Примирјето меѓу Израел и палестински Хамас во појасот Газа стапи во сила рано утрово во 2.00 часот по локално време.

Со тоа заврши единаесетдневниот вооружен судир во кој беа убиени повеќе од 240 лица, од кои повеќето во Газа, јави Би-Би-Си.

Палестинците излегоа на улиците во Газа непосредно по почетокот на примирјето, додека Хамас предупреди дека „прстите им се сè уште на чкрапалото“.
И Израел и Хамас прогласија победа.

За прекинот на огнот се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека тоа е „одлична можност“ за напредок.

Израел вчера нападна објекти на Хамас во северна Газа повеќе од 100 пати, а палестинските сили возвратија со ракети.

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет соопшти дека ја прифаќа препораката да се запрат вооружените судири.

Политичките власти потенцираат дека ситуацијата на теренот ќе одлучи дали ќе има продолжување на конфликтот или не, додаде тој.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц преку Твитер порача дека офанзивата врз Газа донесе „невидени воени придобивки“.

Лидер на Хамас за светските агенции изјави дека примирјето што го најави Израел претставува „победа“ за палестинскиот народ и пораз на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Примирјето стапи во сила утрово во 2.00 часот по локално време, по што многу Палестинци излегоа на улиците во Газа, прославувајќи го крајот на конфликтот движејќи се во колони автомобили.

Од звучниците на џамиите можеше да се слушне дека тоа е „победа на отпорот постигнат над окупацијата за време на битката „Ерусалимски меч“.

Сепак, Басем Наим, од советот за меѓународни односи на Хамас, за Би-БиСи изјави дека е скептичен во однос на должината на траењето на примирјето.

Без правда за Палестинците, без запирање на израелската агресија и израелските злосторства врз нашиот народ во Ерусалим, примирјето ќе биде слабо, рече Наим.

Вооружениот конфликт почна пред 12 дена, по неколкудневни немири во источен Ерусалим и на Ридот на храмовите каде беше првото место на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

Израел смета дека му припаѓа и окупираниот источен дел на Ерусалим, каде што живеат Палестинци, кои го сметаат за главен град на нивната идна држава.

Судирите во тој дел од градот почнаа поради најавата дека некои палестински семејства ќе бидат иселени од нивните домови во тој дел на градот и ќе се населат Израелци.

актуелно Израел примирје Хамас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.