Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стевановиќ: Се што правевме беше пикот на Ковид-19 да биде поподнослив
Во Фокусот

Стевановиќ: Се што правевме беше пикот на Ковид-19 да биде поподнослив

април 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ништо не може да се компарира со Ковид-19 и секој може да биде во ризик. Третманите се менуваат и дополнуваат според согледувањата кај нас и во светот, но не гледаме голема помош во механичката вентилација“, порача вечерва директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ.

„Се што досега правевме беше пикот да биде поподнослив. Прашање е на време кога ќе дојде и се што правевме беше како здравствен капацитет да можеме да го поднесеме и да не ни се случи како во Италија пациенти да ни умираат по ходници. Такво нешто не ни се случи. Само малку да бевме попослушни ќе имавме помалку заболени“, рече Стевановиќ во интервју за ТВ 24 и им порача граѓаните да се придржуваат на предложените мерки за заштита.

Според неа, ќе бидат потребни многу научни темелни истражувања за,
како што рече, да му застанеме на патот на Ковид-19.

„Состојбата е сериозна, болеста е сериозна барем кај оној процент на пациенти кај кои таа така се манифестира. Затоа и мора да бидеме многу сериозни во превенцијата и во придружувањето на се она што велиме дека е мерка значајна за превенција од Ковид. Ниедна математика што колегите епидемиолози во своите системи и алгоритми се обидоа да проценат да го предвид нејзиното движење не може да биде точна доколку најголемиот дел од популацијата не се придржува на она што тие го препорачуваат. Едноставно е невозможно. Имате многу непознати за да направите алгоритам, да направите предвидување. И оттука кога ќе дигнеме раменици не дека не знаеме како тоа се прави, туку едноставно одговорот на популацијата ни ги менува математиките“, рече Стевановиќ.

Апсолутно, додаде, респираторот не е лек, не е третман.

„Респираторот е можност да купи време за нас како лекари за пациентот во спроведувањето на третманите и во борбата на пациентот и со болеста и со оштетувањата што болеста ги направила во неговите бели дробови. Машината едноставно ни купува малку време. Она што го согледуваме ние на нашата клиника, тоа што го согледува светот во нивните центри е дека голема помош од механичката вентилација не гледаме“, посочи Стевановиќ.

Нагласи дека во земјава се достапни сите терапии што се употребуваат во светот и додаде дека денеска е земена крвна плазма од двајца доброволни донатори со што е почнат процесот на лекување со крвна плазма.

Очекува до понеделник да бидат готови првите примероци кои ќе бидат спремни за давање на пациенти.

актуелно Ковид-19 Стевановиќ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.