Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сто припадници на АРМ заминуваат во хуманитарна операција во Словенија
Македонија

Сто припадници на АРМ заминуваат во хуманитарна операција во Словенија

август 9, 2023Updated:август 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Сто припадници на Армијата на Република Северна Македонија заминуваат за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

Согласно одлуката на Владата, донесена на вчерашната седница се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

„Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, се наведува во соопштението од Владата.

Претходно, министерката за одбрана Славјанка Петровска најавувајќи ја владината одлука, рече дека станува збор за сто војници од различен состав, кои, како што појасни ќе заминат денеска наутро.

null

 

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.

„Побарани се и други технички средства, материјална техничка поддршка, за која што ние не сме во можност да одговориме, меѓутоа се разбира и во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме ќе одговориме, додава Петровска.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра.

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците.

Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите завчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: МИА)

актуелно арм операција поплави словенија хуманитарна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.