Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стрес тестовите кај банките покажаа дека имаат солиден капацитет за потенцијални шокови
Економија

Стрес тестовите кај банките покажаа дека имаат солиден капацитет за потенцијални шокови

август 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Финансиската стабилност во земјава се задржа во текот на минатата година, при истовремено продлабочување на нивото на нефинансиско посредување, а работењето на финансиските институции се одвиваше во релативно поволен домашен амбиент.

Ова го покажува извештајот за финансиакта стабилност во 2018 година објавен од Народната банка, во кој се посочува дека банкарскито систем како клучен сегмент од финансискиот сектор ги подобрил показателите за изложеноста на ризици, а стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за апсорбирање на потенцијалните шокови.

Кај активностите на банкарскиот сектор е забележан значително забрзан раст, при раст и на профитабилноста и подобрување на профилот на ризик на домашните банки.

Банкарскиот систем, според извештајот е ликвиден и високо солвентен, со стапка на адекватност на капиталот од 16,5 отсто и преовладување на најквалитетниот, т.н. редовен основен капитал во вкупниот регулаторен капитал.

Квалитетот на активната е на солидно ниво, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од 5,2 отсто и висока покриеност на овие кредити со издвоени резервации за очекувани кредитни загуби од 76,3.

„Средствата на банкарскиот сектор претставуваат 82,5 отсто од вкупната актива на финансискиот сектор, а активностите на останатите сегменти од финансискиот систем, со исклучок на задолжителните капитално финансирани пензиски фондови, се прилично скромни по обем“, наведуваат во извештајот.

Кај корпоративниот сектор, според извештајот, се забележани подобрени резултатите од работењето, зголемена додадена вредност, отворени нови работни места и раст на платите на вработените.

„Показателите за профитабилноста, задолженоста и способноста за редовна отплата на обврските забележаа подобрување“, стои во извештајот.

Во делот на домаќинствата показателите за солвентноста и ликвидносната позиција, заедно со ниското и стабилно учество на нефункционалните во вкупните кредити во портфолијата на банките, и натаму упатуваат на релативно ограничена чувствителност на овој сектор на шокови и главно одржување во контролирани рамки на ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од него.

Кај капитално финансирано пензиско осигурување, во извештајот се наведува, дека не се очекуваат поголеми ризици од работењето.

„Неодамнешните измени во законската регулатива треба да овозможат зајакнување на одржливоста на вкупниот пензиски систем на долг рок и стабилна исплата на пензиите на осигурениците. Друштвата за управување со пензиски фондови применуваат конзервативна инвестициска политика во рамките на регулаторните ограничувања и правила и се очекува основањето трето пензиско друштво да придонесе за зголемување на конкуренцијата во овој сегмент од финансискиот систем“, наведуваат во извештајот.

Средствата на другите чинители на финансискиот систем се помалку од седум отсто од активата на финансискиот систем, а половината од нив отпаѓаат на осигурителниот сектор.

банки потенцијални шокови солиден капацитет Стрес тестови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.