Студент пилот во Австралија безбедно слета авион за време на лекција по летање, откако неговиот инструктор изгубил свест.
Макс Силвестер, ја контакирал контролата на летање околу еден час во летот во саботата кога неговиот учител се онесвестил до него. Операторите на аеродромот во Перт му помогнале да го слета авионот, а Силвестер подоцна беше пофален за неговиот брз одговор и смиреност.
Во неговиот итен повик, чие снимање беше објавено подоцна, тој ја опишува состојбата на неговиот учител пред да ги земе упатствата за летање во авионот.„Тој се потпира на моето рамо, јас се обидувам да го задржам, но тој продолжува да паѓа“, му кажува тој на операторот.
На прашањето дали знае како работи со авионот Цесна, тој одговара: „Ова е мојата прва лекција“.







