Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Телата на загинатите во сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија
Хроника

Телата на загинатите во сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија

декември 18, 2018Updated:декември 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Телата на тројцата починати Македонци од сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени  во Македонија, а 15-мина се уште се наоѓаат на лекување во Ниш и Лесковац, соопшто дописникот на МИА од Белград.

„По завршената обдукција во Лесковац, тројцата починати од сообраќајната несреќа, 68-годишната К.К од Кочани, 68-годишниот маж В.Ш.од крушевското село Бучин и 63-годишната В.К од Кавадарци денеска ќе бидат транспортирани за Македонија.

Дванаесете лесно повредени патници и двете деца, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“, во Лесковац, вчера организирано беа префлени во Македонија. Од болницата во Лесковац пуштен е на домашно лекување уште еден од повредените Македонци, така да во оваа болница се наоѓаат седум полесно повредени патници.

Осуммината потешко повредени Македонци се уште се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, од кои две патнички со тешки повреди на главата, на рбетниот столб и со фрактура на карлицата, се во сериозна здравстевна состојба и приклучени се на апаратите за дишење. Сите останати се стабилизирани и не се животно загрозени. Лекарите во овие болници ја следат сотојбата на повредените и како што ни изјавија по подобрување на здравствената состојба во договор со македонските задравствени институции, пациентите ќе бидат префрлени на лекување во Македонија.

Во болницата во Лесковац се наоѓа вториот возач на „автобусот на смртта“, кој е во стабилна здравствена состојба и има полесни повреди. Тој на дописникот на МИА изјави дека во моментот на сообраќајната несреќа во 01 часот и 45 минути спиел и не знае како дошло до трагичниот настан.

Од полицијата и од истражните служби на Србија, не информираа дека истрагата се уште е во тек и дека наскоро ќе излезат со целосни податоци. Возачот на автобусот, кој во Србија го нарекоа „автобус на смртта“, според српските закони, пред се, поради трите жртви, се наоѓа во притвор.

Патниците кои патуваа од повеќе градови во Македонија за Виена со превозникот Еуро Бус од струшкото село Велешта, беа претежно наши печалбари, а во моментот на несреќата сите спиеле.

Според сведоштвото на преживеаните до несреќата дошло поради лошите снежни услови, голомразицата и неприлогадената брзина на возачот на автобус од речиси 100 км. на час и можноста возачот да има заспиено зад воланот.

Автобусот ја изгубил контролата, излетал од автопатот, по што се превртел повеќе пати. Благодарејќи на навремената интервенција на осум возила на Итната медицинска помош од Ниш и Лесковац, на пожарникарите и случајни патници, кои испод автобусот ги извлекувале повредените, спречено е да дојде до поголема трагедија.

Голема и несебична помош била дадена и од градоначалниците на Лесковац и Ниш, од медицинските установи од овие градови во спасување и згрижување  на повредените.

актуелно загинати македонија пренесени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.