Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тензично во Отава: Полицијата апси насилни и „непредвидливи“ демонстранти
СВЕТ

Тензично во Отава: Полицијата апси насилни и „непредвидливи“ демонстранти

февруари 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Протестотот на возачите на камиони против задолжителната вакцинација во канадската престолнина, кој трае речиси две недели, станува се потензичен. Полицијата во Отава предупредува за „непредвидливи“ и „одлучни“ демонстранти, додавајќи дека во четвртина од возилата што го сочинуваат таканаречениот „Конвојот на слободата“ се наоѓаат деца, кои би можеле да бидат загрозени при евентуални поголеми полициски дејствија.

Досега се отворени околу 80 истраги за можни кривични дела, а уапсени се повеќе од 20 демонстранти (од вкупно околу 1.000). Иако поголемиот дел од протестот беше мирен, од полицијата велат дека се загрижени поради екстремистичката реторика која доаѓа од крајно десничарските групи присутни на протестот. Покрај расистичките и хомофобични навреди, дел од демонстрантите истакнаа нацистички симболи и танцуваа на гробот на непознатиот војник на Националниот воен споменик.

Со околу 20 апсења, полицијата изрече низа казни и се обиде да ги предупреди демонстрантите да се држат настрана од одредени локации каде што го попречуваат сообраќајот, а некои демонстранти одбија да ги слушаат. Полицијата вели дека добиле и лажна закана за бомба, која, според нив, имала за цел „да им го одвлече вниманието на полицајците и да ги збуни“, пренесува Би-Би-Си.

Дополнителна нервоза кај граѓаните на Отава предизвикува постојаното трубање на камионџиите. Но, вчера судот им забрани да трубат во времетраење од 10 дена.

Еден полицаец, наведува истиот медиум, бил нападнат додека учествувал во акција за одземање гориво. Заменик началникот на полицијата, Стив Бол, на вчерашната прес-конференција рече: „Нашата порака до демонстрантите останува иста: Не доаѓајте. Ако дојдете, ќе има последици“.

Бол, на истата прес-конференција, рече дека пронашле околу 100 камиони во кои се наоѓаат деца и дека контактирале со агенциите за заштита на децата, заради загриженоста околу бучавата, издувните гасови и незадоволителното ниво на хигиена.

На околу 1.190 километри од Отава, демонстрантите го блокираа најфреквентниот граничен премин меѓу САД и Канада, принудувајќи ги патниците да одат по обиколните патишта. Преминот во меѓувреме е делумно отворен.

Низ преминот преку реката Детроит секој ден поминуваат околу 40.000 луѓе и стоки во вредност од 323 милиони долари. Преминот беше блокиран неколку часа набргу откако канадскиот премиер Џастин Трудо во парламентот ги обвини демонстрантите дека се обидуваат да ја „блокираат економијата“.

„Сакам да бидам целосно јасен – нема да бидеме заплашени од оние кои ги навредуваат и понижуваат малите бизнисмени и занаетчии и крадат храна од бездомниците“, рече вчера Трудо пред пратениците на вонредната седница на канадскиот парламент.

„Нема да попуштиме пред оние кои веат расистички знамиња ниту на вандалите кои го сквернават споменот на нашите воени херои“, додаде канадскиот премиер.

Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон, да потсетиме, во неделата прогласи вонредна состојба во главниот град, велејќи дека протестот е „надвор од контрола“. Од федералната влада тој побара да испрати дополнителни 1.800 полицајци и преговарачи за „да стави крај на опсадата“.

Трудо вети дека во Отава ќе испрати „се што ќе побара градот“, но не објасни и не наведе за што точно може да се работи. Минатата недела тој ја отфрли можноста за испраќање војници во престолнината, наведува Би-Би-Си.

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно демонстранти камионџии канада отава протест Џастин Трудо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.