Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тензично во „скопска единица“ по донесувањето на новиот распоред
Автор

Тензично во „скопска единица“ по донесувањето на новиот распоред

март 30, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не стивнуваат негодувањата по одлуката на новиот вршител на должноста претседател на Кривичниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, повеќе од половина од вкупно седумдесетината судии да прераспореди на нови работни места.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека при изготвувањето на распоредот се имало во вид состојбата со движењето на предметите од сите области, заостатокот во одредени области и потребата од итност во постапувањето по некои видови предмети утврдена со законските рокови.

Но, наводно, се земале предвид и оптовареноста на секој судија поединечно со предмети и досегашните забелешки и мислења од повисоките судски инстанции во врска со работата на судот.

Оттаму оставаат можност судиите кои се незадоволни да се жалат на одлуката.

Распоредот на судиите во Кривичниот суд во Скопје предизвика бурни реакции во јавноста и пред четириесетина дена кога тогашниот в.д. претседател, Татјана Михајлова, прераспореди дваесетина судии на нови работни позиции.

Незадоволни од тоа, петнаесет судии поднесоа жалба до Врховен суд, кој ги уважи приговорите на седум од нив.

 

Со најновиот распоред, Славјанка Јанкоска, судијката која ги отфрли како доказ материјалите од прислушуваните разговори од вчера е заменик претседател на „скопска единица“, но ќе раководи и со Одделот за претходна постапка.

Со Одделот за извршување санкции ќе раководи Бранка Наумовска, со прекршоци – Хамдирефет Бафтијари, Одделот за кривично гонети полнолетни лица ќе го води Гордана Спироска, а за малолетни – Лирие Елези Ајрулау. За предмети по новиот ЗКП ќе судат „Сваровски судијката“ Софија Лаличиќ, Моника Бахчованова, Биљана Коцева, Дијана Груевска-Илиевска, Љубинка Башевска… За останатите предмети по стариот ЗКП ќе одлучуваат Весна Димишкова, Ѓоко Ристов и Славица Андреевска.

Во Одделот за организиран криминал се најде „двоецот“ Владимир Панчевски и Татјана Михајлова, донеодамна челниците на „скопска единица“.

 

Прв човек на Одделот за организиран криминал, Владимир Панчевски донеодамна претседател на Кривичниот суд Скопје 1
Прв човек на Одделот за организиран криминал, Владимир Панчевски донеодамна претседател на Кривичниот суд Скопје 1

 

Панчевски, патем, ќе раководи со целиот Оддел, со претходна постапка, судење и со Кривичниот совет и ќе постапува по дел од барањата на СЈО.

Во овој оддел се и Ненад Савевски, Елена Јосифовиќ, Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска, за кои Специјалното јавно обвинителство поведе постапка за разрешување.

Зачудува фактот што в.д. претседателот Рибарев ги симна скалило подолу крајно „лојалните“ Дијана Груевска-Илиевска, Ѓоко Ристов и Љубинка Башевска.

Креаторите на пресудите за случајот „Ликвидација“, Груевска-Илиевска и Ристов, од вчера, од „организиран“ ќе работат по предмети од Законот за кривична постапка што се применува од 2013 година, односно, на предмети од стариот ЗКП.

На Ристов, кој дури беше и дел од кривичниот совет, во постапувањето по предмети од стариот ЗКП друштво ќе му прави Башевска, судијката која го водеше случајот „Пуч“

На Башевска, меѓутоа, трошка надеж дека сеуште сметаат на неа, и остава решението на Рибарев дека таа ќе одлучува по жалби на сите барања за претрес, наредби и други дејства што ќе се бараат од судија на претходна постапка.

Најдебелиот крај, се чини, го извлекоа „бунтовниците“ Иван Џолев и Седат Реџепагиќ.

Судијата Иван Џолев, кој влезе во отворен конфликт со експретседателот Панчевски останува да работи на истраги и на истражни дејства, но поради помал обем на работа префрлен е во Судот за прекршоци

Во Одделот за прекршоци се најде и судијата Седат Реџепагиќ.

 

Томислав Кежаровски

 

актуелно Врховен суд кривичен суд распоред скопска единица Стојанче Рибарев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.