Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тензично на Косово: Времено одложено казнувањето за српските возачи
Балкан

Тензично на Косово: Времено одложено казнувањето за српските возачи

ноември 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Косово, на барање на Соединетите Американски Држави, за дополнителни 48 часа ги одложи плановите за казнување на возачите кои одбиваат да ги предадат старите регистарски таблички издадени од Србија, потег за кој и Вашингтон и Европската унија стравуваат дека може да предизвика етничко насилство.

Спорот околу регистарските таблички речиси две години ги подгрева тензиите меѓу Србија и нејзината поранешна покраина, која прогласи независност во 2008 година и која е дом на српското малцинство на северот, поддржано од Белград.

Околу 50.000 етнички Срби кои живеат таму одбиваат да го признаат владеењето на Приштина и сè уште се сметаат за дел од Србија.

Белград рече дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

Стотици полицајци, судии, обвинители и други државни службеници од српското малцинство поднесоа оставки претходно овој месец. Приштина одлучи локалните Срби конечно да ги заменат регистарските таблички издадени од општинските власти на косовските Срби, лојални на Белград, со државни косовски таблички.

Косовскиот премиер Албин Курти извести за одложувањето преку објава на својот Твитер профил денеска рано утрово.

„Го прифаќам неговото барање (на американскиот амбасадор) за одложување од 48 часа… Среќен сум што можам да работам со САД и ЕУ за да се изнајде решение во следните два дена“, напиша Курти.

Косовската полиција претходно соопшти дека казните треба да бидат изрекувани од вторник во 8.00 часот и дека ќе погодат околу 10.000 возачи.

Приштина и Белград вчера не успеаја да постигнат договор, откако беа одржани итни вонредни разговори со посредство на ЕУ, а Брисел предупреди на „ескалација на насилството“ доколку се спроведе косовскиот план.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, кој претседаваше со разговорите, го обвини Косово за отфрлањето на предлозите на Унијата за тоа како да се реши спорот околу табличките на автомобилите.

Опозицијата во Приштина, исто така, го обвини Курти за загрозување на односите со САД, најголемиот сојузник на Косово.

Курти рече дека е повеќе заинтересиран за постигнување конечен договор со Србија во кој двете земји меѓусебно ќе се признаат како независни држави.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера доцна вечерта изјави дека неговата земја ќе престане да издава и обновува регистарски таблички за северниот дел на Косово, но предупреди на зголемени тензии.

„Пред малку ги добивме најновите разузнавачки информации, состојбата е многу тешка и е на раб на конфликт’, им изјави Вучиќ на новинарите.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно Белград Европска унија Косово приштина србија таблички
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.