Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО УГАНДА: Дваесет луѓе загинаа во бродолом на езерото Викторија
Во Фокусот

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО УГАНДА: Дваесет луѓе загинаа во бродолом на езерото Викторија

август 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најмалку 20 лица го загубија животот кога товарен брод вчера потона во езерото Викторија, на југот на Уганда, соопшти полицијата, додавајќи дека причина за несреќата се „преоптоварувањето и лошите временски услови“.

Девет од 34-те патници, колку што, „се претпоставува“, се наоѓале на бродот, се спасени, а потрагата по евентуални преживеани продолжува, наведува полицијата во соопштението објавено попладнето на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер.

Бродот кој, меѓу другото, превезувал „вреќи со јаглен, свежа храна и риба“, се превртел околу 5.00 часот по локално време.

Полицијата ги повика „жителите кои патуваат со брод секогаш да носат појас за спасување и да не го преоптоваруваат бродот“.

Бродоломите не се невообичаени во Уганда, источноафриканска земја која има многу езера, а бројот на жртви е често поголем заради тоа што патниците не носат елеци за спасување и многумина не знаат да пливаат.

Покрај тоа, бродовите често не се добро одржувани.

Во ноември 2018 година, најмалку 32 лица загинаа во Уганда кога потона брод на кој се одржувала прослава на езерото Викторија, најголемото во Африка (70.000 квадратни километри), помеѓу Танзанија, Уганда и Кенија.

Во септември истата година, повеќе од 200 луѓе ги загубија животите кога потона траект во близина на танзанскиот брег на езерото.

На Божиќ 2020 година, 26 лица се удавија кога патнички брод потона на друго угандаско езеро, Албертово, кое се протега на границата со Демократска Република Конго.

актуелно Африка брод викторија езеро несреќа уганда
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.