Министерството за надворешни работи на Република Турција испрати телеграма со сочувство до Република Северна Македонија, по повод сообраќајната несреќа што се случи на релацијата Скопје – Тетово. Во телеграмата на турското МНР се вели:
„Со тага ја примивме веста дека синоќа, на релацијата Скопје – Тетово, се случила сообраќајна несреќа, во која загинаа 14 лица и има голем број повредени. На семејствата на загинатите и на нашиот братски народ на Македонија им изразуваме сочувство, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување.“







