Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Турција: Најмалку 35 загинати и 45 спасени од урнатините по земјотресот
Во Фокусот

Турција: Најмалку 35 загинати и 45 спасени од урнатините по земјотресот

јануари 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека последните податоци покажуват дека досега од под урнатините се спасени 45 луѓе во подрачјето што во петокот го погоди разорниот земјотрес, јави Анадолија.

Во обраќањето на конференцијата за медиуми во Елазиг, на која присуствуваа и министерот за здравство, Фахретин Коџа, и министерот за околина и урбанизам, Мурат Курум, Сојлу истакна дека по силниот земјотрес се забележани 678 помали потреси.

Нагласи дека државните институции ќе ги исплатат трошоците за кирија на сите жители што останале без домови по земјотресот.

„Веднаш ќе дадеме додаток за изнајмување на оние чии домови се уништени“, рече Сојлу, напоменувајќи дека веќе од понеделник паричната помош ќе биде обезбедена директно на семејствата преку локалните управи.

Министерот Коџа истакна дека според најновите податоци, бројот на повредени, што се примени во болниците во регионот погоден од земјотресот, е намален на 104.

Курум изјави дека во Елазиг и во гратчето Сивирџе се урнати 31 зграда, додека 249 се сериозно оштетени, а 349 се со помала штета.

„На теренот работат преку 500 наши тимови. Многу бргу ги работиме проценките на штета во Елазиг и Малатја“, додаде Курум.

Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, претходно изјави дека бројот на загинати во разорниот земјотрес во Елазиг на истокот на Турција е зголемен на 35.

Тој истакна дека веднаш по земјотресот е спроведен интервентниот план за ваквите катастрофи и ги пофали сите припадници на спасувачките екипи кои напорно работат за спасување на загрозените граѓани.

Додаде дека институциите без какви било проблеми ја држат под контрола состојбата на терен, каде што и понатаму траат акциите за спасување, посебно фалејќи ги акциите и активностите на припадниците на Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АФАД).

АФАД соопшти дека се повредени 1.547 лица, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по евентуални преживеани, како и по жртвите, под урнатините.

Вкупно се спасени 45 лица, меѓу кои е и две и полгодишно женско дете пронајдено под урнатините 24 часа по земјотресот, и жена, која е извлечена по 17 часа откако е урната нејзината куќа.

Од АФАД нагласија дека напорите на тимовите продолжуваат, а дека во акциите за пронаоѓање на жртвите учествуваат повеќе од 3.430 лица со стотици возила и 17 кучиња трагачи.

Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер регистриран е во местото Сивирџе, недалеку од градот Елазиг.

Земјотресот е почувствуван и во околните градови Адана, Хатај, Османије и во подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.

 

загинати земјотрес турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен

октомври 15, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026

Силното невреме што ја зафати Грција, поплави улици, објекти, домови

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.