Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Угостителите ќе добијат пари за двонеделното затворање
Финансии

Угостителите ќе добијат пари за двонеделното затворање

април 9, 2021Updated:април 9, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сите фирми кои со одлука на Владата ќе бидат затворени овие две недели заради третиот бран на коронакризата ќе бидат опфатени со нови мерки. Од економскиот тим на Владата порачуваат дека во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, а за сите настанати штети во економијата како и досега државата ќе излезе во пресрет.

„За нас во Владата секое вбризгување на пари за помош на стопанството, на работниците, на нивната ликвидност, на потрошувачката ни враќа во Буџетот пари. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци годинава во форма на директна помош“, рече вчера премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека како и во вонредната состојба, угостителските објекти кои вршат достава може да продолжат да го прават тоа и по полицискиот час со соодветни дозволи за движење.

„Дополнително во текот на денот може да продаваат храна и пијалаци од шалтер, тејк-веј или ту-гоу без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат“, посочи премиерот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, повтори дека не може да се дозволи да работат рестораните за свадби додека здравствената криза е во тек, но посочи дека за сите угостителски објекти кои се затворени овој период со одлука на Владата ќе следи економска поддршка и додаде дека Владата во неколку наврати
спроведе сеопфатни мерки, во кои, како што кажа, рестораните за свадби беа една од целните групи.

„Лани веќе ги поддржавме, но имаме еден проблем со нив, а тоа е дека не можат да се одвојат од останатите, бидејќи мал број од нив се категоризирани според категоризацијата на Министерството за економија. Не може да направиме отстапки за да им се дозволи да работата додека е здравената криза во тек. Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки. Сега фокусот е на тие кои со одлука на Влада им забранивме да работат во овие две недели. Но, сепак сфаќаме, најтешко ќе се вратат во стопанството и размислуваме како за нив, така и за другите што се погодени да ги поддржиме со развојни програми и тоа ќе го направиме“, прецизира Битиќи.

Според оценката на премиерот Заев, полнењето на државната каса оди според планираното, приходите се на повисоко ниво од преткризниот период од минатата година, а добрата кондиција на буџетот во првиот квартал и позитивните трендови што се препознаваат се должат на преземените мерки, но и на довербата на деловната заедница во мерките кои овозможија стопанството да не работи во грч туку да ја
следи бизнис логиката дури и во вакви услови.

Премиерот смета дека владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии е амортизиран за 4,2 процентни поени и наместо пад од -8,7 отсто реалниот пад на економијата лани беше -4,5 проценти. Имплементирани се, како што вели, околу 70 мерки преку кои на граѓаните и на стопанството им биле ставени на располагање 860
милиони евра или 82 отсто од вкупниот план за износ на мерки.

Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите четири пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на седум мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура и се надева дека пратениците бргу ќе дадат зелено светло и на овие мерки.

Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1 отсто, вториот пакет мерки е 100 отсто имплементиран, третиот пакет 75,4 отсто и четвртиот пакет 72,7 отсто, а некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така што вкупната имплементација на мерките во однос на планот може да се зголеми, па дури може да достигне и до 99 отсто имплементација.

Доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички и сите мерки кои беа донесени, според оценката на премиерот Заев, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8 отсто, наместо -5,6 отсто колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика.

 

(Фото: МИА)

актуелно буџет влада Зоран Заев статистика Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.