Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност

август 18, 2026

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

август 18, 2026

Водата во Скопје безбедна за пиење

август 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
  • Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места
  • Водата во Скопје безбедна за пиење
  • Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор
  • Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40 степени
  • Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
  • Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
  • АХВ со заштитни мерки против сипаници кај овците и козите: Вакцинација на своја рака ќе се санкционира
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
Во Фокусот

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика

август 18, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Уште еден пациент во тешка здравствена состојба кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави денеска директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Тој посочи дека починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови настапи летален исход.

Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава,  а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

– Тоа што и ние како клиничари го предвидувавме со вчерашниот ден се потврди дека кај 25-годишната пациентка која се водеше како клинички суспектна, се потврди невроинвазивна форма на инфекција. Но, во меѓувреме синоќа е хоспиталзииран и 24-годишен пациент, кој се води како суспектен случај и во текот на денешниот или утрешниот ден ќе знаеме дали ќе се потврди клиничката дијагноза. Тој живее во Центар, рече д-р Цана.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој потврден позитивен случај мора да се лекува болнички или може да се третира амбулантски рече дека невроинвазивната форма мора да се лекува болнички.

– Сите кои се хоспитализирани на клиниката се со невроинвазивна форма. Тие се еден процент од 100 отсто заболени. Според статистиката, најтешка форма на болеста развиваат еден отсто од вкупниот број инфицирани. Сите пациенти се од Скопје. Медицински напреднатата возраст е независен ризик фактор за лошиот исход на оваа болест. Според сите статистики и истражувања досега е утврдено дека кога има тешка невроинвазивна форма на воспаление на мозокот и мозочната обвивка напредната возраст е независен ризик фактор кој може да доведе до лош исход, додаде д-р Цана.

актуелно западно нилска починати скопје Треска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

август 18, 2026

Водата во Скопје безбедна за пиење

август 18, 2026

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор

август 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.