Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето денеска сончево и топло

јуни 26, 2026

Во трговски центар во Москва се отвора првиот затворен рибник во светот

јуни 26, 2026

Драматична пресметка на републиканците: Трамп и сенаторот Касиди си размениле високи тонови во жестока расправија

јуни 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето денеска сончево и топло
  • Во трговски центар во Москва се отвора првиот затворен рибник во светот
  • Драматична пресметка на републиканците: Трамп и сенаторот Касиди си размениле високи тонови во жестока расправија
  • Рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм, за лов на отровната риба во Грција
  • Бројот на жртвите од зејотресот се искачува на 235 загинати
  • Роналдињо на 46-годишна возраст потпиша за Равена
  • Нови правила за влез во ЕУ за дел од возачите од 1 јули
  • Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВОЈНАТА ВО УКРАИНА КАКО ПОВОД: Една третина од македонските фирми имале пораст на трошоците за струја
Економија

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА КАКО ПОВОД: Една третина од македонските фирми имале пораст на трошоците за струја

јули 26, 2023Updated:јули 26, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поради влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина компаниите во Македонија имале пораст на трошоците за суровини од 20 до 50 проценти, а повеќе од една третина од компаниите имале двојно до петкратно зголемување на трошокот за струја во периодот 2021 и 2022 година. За околу третина од фирмите, зголемувањето на минималната плата било важен фактор во зголемувањето на трошоците за работната сила.

Ова се дел од резултатите на студијата „Влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија: докази од микроанкета” изработена од „Фајнанс тинк““ која се потпира на анкета во која се обработени податоци од 112 фирми од различни профили и сектори, во текот на април и мај годинава.

„Резултатите покажаа дека компаниите имале пораст на трошоците за суровини од 20 до 50 проценти, иако кај малите компании и кај компаниите од секторот земјоделство овој пораст е значајно поголем, што ги прави поранливи на сегашната и идни кризи. Во делот на трошоците за енергија, пак, повеќе од една третина од компаниите имаа двојно до петкратно зголемување на трошокот за струја помеѓу 2021 и 2022 година. Од аспект на големината на фирмата, во овој сегмент големите компании беа најзасегнати, затоа што тие беа најизложени, односно купуваа струја на отворен пазар. Додека од аспект на сектори, компаните од градежништвото беа најзасегнати (40 проценти од фирмите од овој сектор известија зголемување на овој трошок за повеќе од пет пати)“, се наведува во извештајот.

Трошоците за работна сила се зголемиле главно до 50 проценти во споредба со претходната година. Товарот од зголемените трошоци за работна сила е малку поголем кај малите фирми, во споредба со поголемите фирми, како и кај извозниците. За околу третина од фирмите, зголемувањето на минималната плата било важен фактор во зголемувањето на трошоците за работната сила.

Според студијата, компаниите примениле неколку стратегии за справување со кризата: ги намалиле оперативните трошоци, одложиле некои планирани инвестиции, а поретко застапен бил прекинот на производството (само кај некои фирми од земјоделството). За да се справат со зголемените трошоци на суровините, доминантна стратегија на компаниите од сите големини била зголемување на цените на своите производи, додека големите фирми почесто преземале стратегија за намалување на другите трошоци.

И во однос на порастот на трошокот за електрична енергија, како стратегија кај компанииите доминантен бил преносот на шокот врз цените на сопствените производи.

Сепак, посочуваат од „Фајнанс тинк“, средните и големите фирми презеле и поструктурни чекори, односно се впуштиле во инвестиции во капацитети за сопствено производство на електрична енергија, како и реорганизирање на процесите за намалување на потрошувачката на енергија. Ова најчесто било случај во индустријата, земјоделството и во нископлатежните услужни сектори.

За справување со енергетската криза, владините мерки се проценети на 760 милиони евра. Од вкупно 33 мерки во двата пакета, 16 биле наменети за компании (или компании и домаќинства).

„Клучните препораки од оваа анализа се однесуваат на зголемена поддршка на процесот на инвестирање во сопствено производство на електрична енергија кај фирмите, како и други енергетски-ефикасни инвестиции во машини, опрема, хали итн., преку механизмите на државна помош кои и сега се на располагање, меѓутоа и преку популаризација на постојните мерки и поддршка за нивно искористување, вклучително и консултантска помош, особено кај помалите фирми. За да се заштитат големите компании од изложеноста на цената на струјата на глобалниот пазар, неопходно е Владата и застапниците на фирмите да се договорат за модел кој ќе ги заштити од варијабилноста на глобалната цена, на пример преку гарантирана цена која фирмите би ја плаќале кога глобалната цена е повисока од неа, но и кога е пониска од неа“, заклучуваат од „Фајнанс тинк“. 

 

 

 

 

 

 

Извор: МИА

актуелно компании пораст струја третина трошоци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Времето денеска сончево и топло

јуни 26, 2026

Во трговски центар во Москва се отвора првиот затворен рибник во светот

јуни 26, 2026

Драматична пресметка на републиканците: Трамп и сенаторот Касиди си размениле високи тонови во жестока расправија

јуни 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.