Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: „Ја чекаме потврдата од ЕМА за исправноста на ‘Астра Зенека’“
Македонија

Филипче: „Ја чекаме потврдата од ЕМА за исправноста на ‘Астра Зенека’“

април 2, 2021Updated:април 2, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Девојката кај која се појави тромбоцитна реакција по вакцинацијата со ‘Астра Зенека’ се чувствува добро, има добра клиничка слика, стабилна е и е вон животна опасност“, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Засега, потврди, нема друг ваков случај во земјава.

Министерот повтори и дека за „Астра Зенека“ ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА), а во меѓувреме, продолжува имунизацијата на повозрасните категории граѓани со оваа вакцина.

„Ние бевме многу внимателни и се уште сме. По укажувањето на германската агенција и канадската дека има такви случаи со што го паузираа давањето на ‘Астра Зенека’ на помлади возрасни групи, чекаме официјален став од ЕМА која следната недела треба да има и официјален состанок и ќе го почекаме тој став заради тоа што сигурноста на пациентите односно на граѓаните ни е на прво место. Многу е веројатно дека ќе се докаже тоа дека асполутно ризикот да се заболи од тешка форма на КОВИД е многу поголем отколку компликациите што се јавуваат од вакцината што значи дека вакцината ќе се препорача и за помладата категорија граѓани, но додека не го добиеме тој официјален став на ЕМА, нема да брзаме“, истакна Филипче.

Според него, вработените во МВР, Армијата и други институции каде има голема фреквенција на контакти ќе се вакцинираат со „Спутник В“.

Смртноста, рече Филипче, е секаде голема, а станува збор за случаи на кои, и покрај сите преземени мерки и целокупната терапија, едноставно не може да им се помогне.

„Се јавуваат промени на белите дробови какви што за жал ретко се гледаат. Вирусот е таков, многу е агресивен и тоа сега пратиме. Буквално се случува во секоја една од околните земји со кои има логика да се споредуваме, согласно населението, бројот на новозаразени. Има земји со поголема смртност, многу повеќе десетици смртни случаи. Станува збор за силен бран, за мутација на вирусот која очигледно се манифестира како што се манифестира сега. Протоколите се еднакви, нема никаква промена во однос на оваа мутација на вирусот во однос на она што беше претходно. Нема специфична терапија само за вирусот, само за болеста. Станува збор за комбинација на повеќе лекови, терапии согласно возраста, клиничката слика, евентуалното постоење хронични болести. Секој пациент се разгледува индивидуално“, посочи Филипче.

Филипче рече и дека се мобилизирани буквално сите.

Специјализантите се повлекоа по потреба и од клиниките, меѓутоа потребни се и таму. Во секојдневна комуникација правиме прераспределба и на кадарот. Сега доаѓа нова група лекари кои добија лиценца, тие треба скоро да почнат исто како што се случи со патронажните сестри. И тие ќе бидат појачување. Тоа е група од близу стотина доктори на територијата на цела држава, истакна министерот за здравство.

актуелно астра зенека вакцинација ема потврда филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.