Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Финализираниот петти пакет економски мерки на усвојување пред Владата
Економија

Финализираниот петти пакет економски мерки на усвојување пред Владата

февруари 16, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На денешната редовна владина седница се очекува да биде усвоена инфорацијата за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните поради ковид пандемијата. Финалниот предлог на петиот пакет мерки викендот беше презентиран
пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавноприватен дијалог и билатералните комори во државава.

Премиерот Зоран Заев вчера истакна дека се прават последните консултации и по усвојувањето на мерките од Владата ќе се стартува со подготовка на формално-правните аспекти за нивна реализација.

„Петиот пакет мерки го работевме и викендот, со министерот за финансии, потпретседателот за економски прашања, со другите економски ресори постојано во комуникација и координација, верувам дека во вторник Владата ќе носи одлука за нив ако се е подготвено на својата редовна седница. Се прават последните консултации, интерресорски, а и со чинителите, синдикати, работодавачи, комори, работници и сите кои се мвклучени во овој процес. При самиот крај сме и јас како претседател на
Владата верувам дека ќе бидеме подготвени да ја усвоиме комплетната информација со мерките, да може да се соопштат и презентиарат и веднаш да влеземе во подготовка на правно формалните аспекти, законите, уредбите, одлуките за нивно спроведување“, изјави Заев.

Како што информираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, последниот пакет за помош поради ковид пандемијата содржи 30 мерки кои може да се поделат во четири столба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, во интервју за МИА посочи дека сите мерки се дизајнирани во согласност и со дијалог со сите стопански комори, но и со работодавачите, работниците, вклучувајќи ги и синдикатите.

„Веќе се разговарани во детали и очекуваме наскоро да почнат и да се реализираат. За неколку од мерките кои се предвидени во петтиот пакет секако дека треба да има и законски решенија, имајќи предвид дека неколку од уредбите веќе се завршени, а дополнително на тоа согласно начинот на кој се дизајнирани мерките ќе треба да донесеме и нови закони“, рече Бектеши.

Според него, од начинот на кој претходно се реализираа мерките може да се заклучи дека некаде во првата половина на март ќе имаат можност сите компании да аплицираат за различните мерките кои ќе бидат презентирани.

Бектеши посочува дека наместо платежни картички за ранливите категории граѓани ќе се нуди отпишување на каматите за заостанатите долгови постари од три месеци што ги имаат кон јавните претпријатија на млокално и централно ниво.

„Разгледавме неколку опции во Владата и побаравме различни предлози од страна на различни институции и невладини институции. Мерката ќе важи само за јавните претпријатија кои работат во рамки на општините и кај оние јавни претпријатија во кои 100 отсто е сопственик Владата. Ќе важи за сметките за вода, комуналии и другите сметки кои директно се плаќаат од страна на граѓаните кон јавните претпријатија на централно или на локално ниво“, рече Бектеши.

Се разговара и со приватни компании за да се обезбедат некакви олеснителни околности во насока на бришење одредени камати.

„Во првата фаза така ќе почнеме, а така одлучивме, бидејќи имаме информации од анализите што ги направивме дека одредени семејства и граѓани речиси имаат поголем долг врз основа на заостанати камати отколку што им е главницата на долгот и тоа го префрлуваат на наредните генерации. Затоа сакаме еднаш засекогаш да ги избришеме долговите врз основа на камати, а дополнително да им дадеме можност на граѓаните на 12 месеци да го репрограмираат основниот долг што е постар од три месеци“, појасни Бектеши.

Во петтиот пакет покрај финансиската поддршка за исплата на плати се планирани и низа други мерки, за компаниите од туристичката дејност, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, медиумите, занаетчиите, извозните компании, даночни и царински олеснувања, како и други мерки за одредени групи на граѓани, кои се директно поврзани со ефектите од ковид кризата.

актуелно влада економски мерки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.