Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ФК Вардар ќе плати 3500 евра казна за недоличната прослава
Фудбал

ФК Вардар ќе плати 3500 евра казна за недоличната прослава

мај 20, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дисциплинската комисијата на ФФМ донесе одлука да се поведе дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот.

Комисијата во куќата на фудбалот уште одлучи ФК Вардар да се казни со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, како и со уште една парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Вардар и ФК Силекс.

Дисциплинската комисијата на ФФМ на оваа седница донесе и низа други одлуки, меѓу кои:

– ФК Шкендија се казнува со парична казна од 5.000 евра поради навредливо скандирање кон ФФМ и скандирање со националистичка содржина на натпреварот од 31. коло меѓу ФК Шкендија и ФК Струга Трим Лум.

– Шкендија Арачиново се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства и влегување на претседателот на клубот на теренот за игра на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

– Осогово Кочани се казнува со парична казна од 300 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Осогово и Шкендија Арачиново.

– ФК Детонит Плачковица се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 25. коло меѓу ФК Детонит Плачковица и ФК Брегалница 2008.

– ФК Каменица Саса се казнува со парична казна од 150 евра поради фрлање шише со вода на теренот на натпреварот од 24. коло меѓу ФК Каменица Саса и ФК Охрид Лихнидос.

– Фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно кршење врата по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

– Шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се казнува со парична казна од 500 евра поради недолично однесување, односно вербален напад врз припадници на МВР по завршување на натпреварот од 30. коло меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија.

– ФК Брегалница 2008 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради слаба организација, присуство на неслужбени лица и недозволен број редари на натпреварот од 28. коло меѓу ФК Брегалница 2008 и Шкендија Арачиново.

– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради истакнување банер со навредлива содржина кон ФФМ на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

– ГФК Тиквеш 1930 се казнува со парична казна од 5.000 евра поради користење пиротехнички средства и топовски удари, како и попречување на камерман при вршење директен пренос на натпреварот од 30. коло меѓу ГФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973.

Фото: ФФМ официјална страна

актуелно Вардар казна недолична прослава фк
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.