Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фондот за осигурување депозити ги чува заштедите на граѓаните, досега обесштетени 21 илјада штедачи
Економија

Фондот за осигурување депозити ги чува заштедите на граѓаните, досега обесштетени 21 илјада штедачи

декември 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Имаме задача да ги чуваме депозитите на нашите граѓани. тоа го правиме од 1997 година кога сме основани.

Оттогаш имаме направено 11 исплати на обесштетувања на 21 илјада штедачи во износ од 1,5 милијарди денари.

Ова го порачува директорот на Фондот за осигурување депозити Борче Хаџиев кој ја презентираше работата на Фондот, а во насока на збогатување на нивното знаење како идни сопственици на сериозни сметки.

Фондот за осигурување функционира 22 години.

Формирано по случувањата со заробување на девизите на граѓаните со распадот на
поранешната држава и по пирамидалното штедење.

Во Фондот членки се 14 банки и две штедилници, а средствата што фондот ги наплаќа од своите членки ги инвестира во нискоризични државни хартии од вредност.

Фондот, посочуваат оттаму, претставува еден од главните столбови на финансиската стабилност во земјава.

Депозитите на домашни и странски физички лица се осигурани.

Обесштетувањето се врши во максимален износ од 30 илјади евра, а се опфатени денарски и девизни депозити, сертификати за депозити, трансакциски сметки, депозити врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лица.

Од Фондот појаснија дека не се обесштетуваат депозити со привилегирани каматни услови, депозити на сопственици над пет отсто од акциите на банката, депозити на членови на органите на управување на банката и нивни роднини од прв степен и депозити врзани со трансакции со кои се вршело перење пари.

Обесштетувањето се врши при затвоарање на банка или штедилница кога гувернерот на Народната банка ја одзема дозволата за работа, а граѓаните се информираат преку медиумите.

Вакви обесштетувања Фондот досега има направено 11 пати.

Директорот потенцира дека исплатата се врши брзо и тоа во рок од 20 календарски дена од денот на затворање на банката или штедилницата, а исплатата се врши во денари.

Податоците покажуваат дека во банките се чуваат 4,46 милијарди евра  депозити.

Тие се значен извор на банките за финансирање, но и граѓаните се уште имаат интерес да ги чуваат во банките и поради безбедност, но и добивањето камата, која е поконкурентна во однос на регионот и во европските земји.

Во земјава, исто така, се уште не се оданочуваат каматите од депозитите.

Со последните промени се одложи оданочувањето до 2022 година, кое требаше да стартува од 1 јануари 2020 година.

 

 

ИЗВОР:МИА

депозити Фонд за осигурување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.