Француската влада би можела да користи даночни мерки за да го намали профитот на прехранбената индустрија доколку не прифати преговори за високите цени, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер.
„Растот на цените на храната во Франција во последните месеци достигна рекордни 15 отсто и покрај поевтинувањето на суровините, а владата е лута. Прехранбената индустрија жнее големи профити и мора повторно да преговара со трговците и пониски цени“, рече Ле Мер.
„Ќе ги искористиме сите мерки што ни стојат на располагање“ „Доколку прехранбената индустрија не се врати на преговори… ќе ги искористиме сите мерки што ни стојат на располагање, вклучително и даноците, за да им го одземеме неправедно заработениот профит од грбот на граѓаните“, изјави министерот за новинарите пред средбата со претставници на големи малопродажни компании.
Цените на храната во Франција нагло пораснаа откако компаниите за храна и трговците на мало се согласија на просечно зголемување на цената од 10 отсто во редовните годишни разговори во март, неопходни, како што велат, за покривање на повисоките трошоци за производство.
Бидејќи високите цени на храната ја поттикнуваат вкупната инфлација, Ле Мер постојано повикуваше на повторно отворање на преговорите, така што потрошувачите исто така ќе го почувствуваат глобалниот пад на цените на суровините.
Фото: Ilustracija: Shutterstock







