Англиската полиција пронајде 39 тела во камион во индустрискиот парк во Есекс. Според првите информации, се работи за 38 возрасни лица и едно младо момче.
Под сомнение дека е вмешан во убиствата на 39-те луѓе полицијата го уапси возачот на камионот, 25-годишник од Северна Ирска.
„Ова е трагичен инцидент во кој многу лица го загубија животот. Нашата истрага е во тек за да утврдиме што точно се случило“, рече шефот на полицијата Ендрју Маринер.
Се верува дека камионот во Англија стигнал од Бугарија.
Во саботата влегол во Велика Британија од Велс, заради што се претпоставува дека стигнал со траект од Ирска. Минал низ Англија и во раните утрински часови завршил во индустриската зона.
Полицијата и Итната помош примиле повик утринава во 1.40 часот и го откриле ужасот во паркот во Грејс.
Ватерглејд е сеуште затворен, затоа што специјалните припадници на полицијата и форезничари го истражуваат теренот.
„Во тек е идентификација на жртвите, но претпоставувам дека тоа може да биде долготраен процес“, вели Маринер.