Откако во четвртокот на 7 март околу 10.20 часот на шеталиштето покрај Рајна кај Хокенхајм во Германија беше пронајдено женско тело, вчера беше утврден идентитетот на жената, пренесува „Феникс магазин“.
Станува збор за 27-годишна Украинка која пред пет недели родила девојче.
Полицијата во соопштение наведува дека на телото на жената биле видливи траги на насилство, па се верува дека е убиена.
Младата жена, нејзината мајка Марина Стеценко (51) и девојчето биле сместени во бегалски центар во областа Рајн Некар. Наводно, го напуштиле центарот во понеделникот, од кога се сметаат за исчезнати.
Инспекторите не знаат каде се Марина Стеценко и нејзината внука, ниту што точно се случило со нив. Марина се смета за главен сведок.
Германската полиција ги замолува сите кои имаат некоја корисна информација да се обратат во која било полициска станица, пренесува „Феникс-магазин“.
(Фото: Илустрација )







