Министерството за внатрешни работи пред десетина дена најави зголемување на паричните казни за прекршоци против јавниот ред и мир, но сумите што се предлагаат се навистина изненадувачки и драконски со оглед на тоа колкави се хрватските примања.
Досега највисоката парична казна предвидена со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир беше 170 евра, а од сега, доколку се прифати предлогот, таа ќе биде четири илјади евра, што значи дека максималната глоба се зголемува за дури 23,5 пати.
Максималната казна со која државата сака да ги дисциплинира граѓаните за да не прават прекршоци против јавниот ред и мир сега може да изнесува речиси четири просечни плати, додека според сегашниот закон максималните казни се 16,7 отсто од просечната плата.
Хрватското Министерство за внатрешни работи предлага Собранието да го донесе законот по итна постапка.
Паричните казни се зголемуваат за прекршоци за кои може да се изрече и затворска казна, за деведесет прекршоци, и тоа во одделни случаи на износи до илјада или две илјади евра, но во неколку случаи и до четири илјади евра.
Максимална казна од четири илјади евра ќе им биде изречена на оние кои го нарушуваат јавниот ред и мир на јавно место „со носење или истакнување на одредени симболи, текстови, слики и цртежи со кои се изразува или поттикнува омраза или со извикување или пеење со наведен поздрав (не прецизираат кој поздрав).
Досега овој прекршок се казнуваше со парична казна од 20 до 150 евра, а од образложението е јасно дека зголемувањето на казната е со цел да се спречи истакнување симболи или извикување усташки или нацистички пароли.
Со глоба од 700 до 4 илјади евра се соочува и секој еден за кого ќе се докаже дека измислува или шири лажни вести кои го нарушуваат мирот и спокојството на граѓаните, се соочува.
Иста казна е предвидена и за прекршок за омаловажување или навреда на државни органи, односно службени лица при вршење на нивната работа и за неовластено пукање од огнено оружје, испалување ракети или слични експлозивни или запаливи материи.
Нови казни
од 700 до 4.000 евра
– Истакнување на симболи со кои се изразува или поттикнува омраза
– Ширење лажни вести
– Прекршок за лошо воспитано дете
– Навреда за службени органи
од 300 до 2.000 евра
– Поттикнување на дете да направи прекршок
– Организирање проституција и коцкање
– Тепачка и расправија на јавно место
од 200 до 1.000 евра
– Пиење на работното место
– Давање алкохол на малолетници







