Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас бара од Вуцис да не смени ништо во Деловникот на Парламентот
СВЕТ

Ципрас бара од Вуцис да не смени ништо во Деловникот на Парламентот

февруари 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Никогаш и од никој не бев уценуван, барам да не се промени ништо во Деловникот за работа на Парламентот, пишува грчкиот премиер Алексис Ципрас во писмото испратено до претседателот на Парламентот Никос Вуцис во пресрет на состанокот на комисијата за Деловникот на работата на Парламентот што ќе се одржи денеска во 14 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас во писмото го потсетува Вуцис на нивниот разговор минатата седмица кога грчкиот премиер изразил „загриженост за политичката и регулативната ирационалност“ во врска со партиите кои со глас од граѓаните влегуваат во Парламентот, но потоа го губат потребниот број пратеници, а со тоа и правото да формираат пратеничка група. Според грчкиот премиер, неговите размислувања ги делел и претседателот на Парламентот и затоа презел иницијатива за конкретното прашање да разговара со претставниците на партиите „за да се најде потребниот широк консензус за да се поправи постоечката ирационалност“.

„Во изминатите денови, со изненадување, забележувам, особено од најголемата опозициска партија, но и од другите партии од опозицијата, заедно со дел од медиумите, со неверојатна агресивност ја третираат логичната демократска чувствителност. И секако доаѓаат до степен, некои да тврдат и да го претставуваат премиерот дека наводно е уценуван.

Поради тоа и со фактот што никогаш и од никој не бев уценуван и со фактот дека не сакам да дозволам никој да ја користи мојата демократска чувствителност за да ме клевети, барам од Вас да не преземете никаква иницијатива за промена на сегашниот Деловник. Ниту во еден интерпункциски знак, му пишува Ципрас на Вуцис и додава дека за било која двосмисленост на постоечкиот Деловник, треба да се побара мислење од научната комисија на Парламентот.

Никос Вуцис во петокот испрати покана до членовите на Комисијата за Деловникот на работата на Парламентот за свикување на конкретната комисија на тема „Измени и дополнување на одредбите од Деловникот за работа на Парламентот“, состанок закажан за денес.

Како што во саботата анализираше МИА, Договорот од Преспа влијаеше на политичката сцена во Грција и настанаа промени во грчкиот Парламент. Пратеничката група на Река повеќе не постои, а Независни Грци се соочуваат со опасност од распаѓање и на нивната пратеничка група.

Сите овие промени на распоредот на силите, отворија дискусија и сценарија во Грција за измени во Деловникот на Парламентот, а дел од медиумите ова го толкуваа како обид „да се спаси пратеничката група на Независни Грци“.

Портпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки тврдеше дека Каменос го уценува Ципрас.

Деловник договр преспа ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.