Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: Горд сум на Договорот од Преспа, без него Турција ќе беше и на грчката северна граница
Македонија

Ципрас: Горд сум на Договорот од Преспа, без него Турција ќе беше и на грчката северна граница

април 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за надворешната политика на земјата, поранешниот грчки премиер се осврна и на Договорот од Преспа, рече дека „некои кои глумеа, иако знаеја дека е позитивен договор, се бореа против него до последен момент поради политички цели“.

Зошто сум горд? Бидејќи знам дека земјата ја нема Турција и на северната граница. Неколку месеци подоцна се покажа дека Турција не е само на исток, туку и на југ, во Либија. Ќе беше и на нашата северна граница, ќе беше и во земјата која денес е пријателска кон Грција, а грчките вооружени сили го надгледуваат нејзиниот воздушен простор, односно Турција ќе беше и во Северна Македонија, истакна Ципрас.

Во синоќешното интервју тој ги спомена и трите меморандуми што произлегуваат од Договорот од Преспа, а речиси седум месеци чекаат да бидат ратификувани во Парламентот, повторувајќи ја неговата позиција дека секој позитивен глас од 158-те пратениците на Нова демократија, ќе биде и едно извинување за нивниот став додека беа во опозиција.

Уште ги чекам оние 158 извинувања од страна на пратеничката група на Нова демократија. Ме информираат дека доаѓа овој момент, со гласање со прозивка и секој да крене рака, сите оние кои пред две години жестоко ја нападнаа и ја клеветеа Владата на СИРИЗА, сега да гласаат за договор што произлегува од Договорот од Преспа. Договор кој Владата на Нова демократија го почитува и се придржува кон него и тоа е правилно, и води битки за соседната земја, а друго кажуваше додека беше во опозиција, порача Ципрас.

На средината на септември минатата година трите меморандуми беа доставени во грчкиот Парламент, потребно е да поминат на надлежната Комисија за надворешни прашања, а потоа да бидат ратификувани на седница, додека СИРИЗА пред неколку месеци, најави дека ќе побара јавно гласање со прозивка на пратениците.

Дел од медиумите во Грција во изминатиот период објавија дека меморандумите би можело да бидат ставени на дневен ред на крајот од април, а портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану на брифингот со новинарите во четвртокот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека делот што се однесува на Министерството за надворешни работи е завршен, односно меморандумите се доставени, а сега веќе надлежноста ја има грчкиот Парламент.

актуелно Договор преспа ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.