Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Чавков и Дурловски во притвор, а Мукоски, Тарчуловски, Василевски, Димовски и Арнаудов на половина пат до таму
Хроника

Чавков и Дурловски во притвор, а Мукоски, Тарчуловски, Василевски, Димовски и Арнаудов на половина пат до таму

ноември 28, 2017Updated:ноември 28, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Крсто Мукоски, Сашо Васиелвски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов се шестмината пратеници за кои Судот од Собранието  бара од да им се одземе имунитетот поради тоа што судот треба да донесе одлука за барањето на Јавнто обвинителство за притвор за пратениците, јави ТВ 24.

Неофицијално, Митко Чавков е веќе префрлен во истражниот затвор „Скопје“. Нему, според судски извори, му е определен триесетдневен притвор.

Притвор му е определен и на Игор Дурловски, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

Во судот утринава беа донесени 24 обвинети, недостасуваат уште 12.

Барањето на Судот за шесте пратеници е адресирано до претседателот Талат Џафери и токму тој ќе се чека утре да се врати од службен пат за да почне процедурата. Во барањето стои:

„Имајќи ја во предвид одредбата од член 64 став 2 од Уставот на Република Македонија, за да може судот да пристапи кон одлучувањето по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција – Скопје, Ви поднесуваме барање за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски“.

Идентично е барањето од судот и за пратениците Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски. На едното барање како судија на претходна постапка е потпишана судијката Весна Димишкова, а на второто Ненад Савески.

Според информациите од Собранието, Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања има обезбедено кворум и утре ќе заседава.

Дека Собранието ќе постапи по барањето на Судот кога ќе стигне денеска од Шведска порача и првиот парламентарец.

Џафери посочи и на прекршување на процедурите при приведувањето на пратениците.

„Во контекст на процедурите кои што се пропишани со Устав и со деловникот за работа на Собранието сметам дека има дилеми во однос на почитувањето или не почитувањето до крај на соодветните процедури, апропо одредбите од член 64 од Уставот каде што е стриктно  прецизирано, кажано е дека пратеник не може да се лиши од слобода без одобрение од Собранието и оваа одредба после ја процесуира деловникот во деловите од членот 53 до 59 во сите аспекти на спроведувањето на таа одлука на обинителството и во тој контекст сметам дека не се до крај почитувани процедурите во смисла на она што е обврска взаемна на институциите “, вели Талат Џафери – претседател на Собранието.

Според собраниските правила комисијата носи заклучок со мнозинство гласови, но конечниот збор за симнувањето на имунитетот го има Собранието, кое треба во рок од три дена да го усвои извештајот или да го одбие, а за тоа треба да гласаат 61 пратеник.

Во македоската историја Собранието симнувало имунитет досега во неколку случаи -Љубе Бошкоски за Раштански лозја, за  Владо Бучковски за случајот Тенковски делови, Хисен Џемаили и Хајрула Мисини кои беа обвинети во дел од хашките случаи.

актуелно затвор Игор Дурловски Крсто Мукоски Митко Чавков притвор Талат Џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.