Фудбалскиот клуб Челси ја откажа шампионската парада планирана за недела во Лондон од почит кон жртвите во терористичкиот напад во Манчестер.
„После трагичниот случај сметаме дека е неумесно и неприкладно да се одржува победника парада“, се наведува во соопштението на клубот.
Воедно, Челси се заблагодари на разбирањето и најави дека играчите во финалето на ФА купот против Арсенал ќе носат црни ленти на дресовите.







