Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Членството на земјава во НАТО и ЕУ меѓу најважните настани на Балканот во 2020 година
Македонија

Членството на земјава во НАТО и ЕУ меѓу најважните настани на Балканот во 2020 година

јануари 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, очекуваниот почеток на преговорите за членство на земјава и на Албанија во ЕУ и парламентарните избори во нашата држава, заедно со оние во Србија и во Црна Гора, се меѓу седумте настани што, според бриселскиот портал „Јуропеан Вестерн Балканс“ (ЕВБ), ќе ја одбележат 2020 година на Западниот Балкан.

Останатите четири „најзначајни настани за регионот“ во годината, што ЕВБ ги наведува во текстот под наслов „ЕУ и Западниот Балкан во 2020: Година на одлуки“, се и новиот инструмент за проширување на Унијата, хрватското претседавање со блокот и Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб, новата фаза во дијалогот меѓу Белград и Приштина и претседавањето на Германија со Европската унија во втората половина на годината.

Авторите на анализата оценуваат дека во 2019 година имаше „само неколку позитивни пресвртни настани“ во врска со европската перспектива на Западниот Балкан, потенцирајќи дека и покрај очекувањата Северна Македонија и Албанија не ги почнаа пристапните преговори, Босна и Херцеговина не доби кандидатски статус, на Косово не му беше дадена толку очекуваната визна либерализација, а во исто време стагнираа реформските процеси во Србија и Црна Гора и не продолжи дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Сепак, работите се придвижија. Новата Европска комисија предводена од Урсула фон дер Лејен ја презеде функцијата по изборите за Европскиот парламент во 2019 година, на кои не се остварија стравувањата од зајакнување на екстремната десница. Наскоро се очекува Северна Македонија да се приклучи на НАТО, а контроверзната одлука да не бидат започнати пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија ја поттикна толку неопходната дискусија за иднината на процесот на проширување, оценува ЕВБ.

Порталот наведува дека еден од најважните настани во 2020 година за Западниот Балкан ќе биде приемот на Северна Македонија во НАТО, потсетувајќи дека земјава доби покана за приклучување кон Алијансата по постигнувањето на Преспанскиот договор.

„Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО беше потпишан во февруари 2019 година, по што почна процесот на негова ратификација во националните парламенти на земјите членки. Северна Македонија речиси сигурно ќе стана 30-та членка на НАТО на почетокот на 2020 година, откако во текот на 2019 пристапниот протокол го ратификуваа 28 од 29 земји членки (на Алијансата) и остана уште само Шпанија. Бидејќи одлагањето на ратификацијата во Шпанија е последица на политичката криза во земјата, а не на некакви забелешки на членството на Северна
Македонија, приемот на државата во НАТО се очекува наскоро, се истакнува во анализата.

Втор значаен настан за Западниот Балкан кој е поврзан со земјава, според ЕВБ, е почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

„И покрај неотпочнувањето на пристапните преговори во октомври и почетокот на дебатата за реформите на процесот на проширување, Северна Македонија и Албанија сепак очекуваат промена на ваквата одлука во текот на првата половина на 2020 година, наведува порталот.

ЕВН истакнува дека откако во октомври минатата година беше решено двете земји да не ги започнат преговорите за членство, многу официјални претставници на ЕУ доста остро ја осудија оваа одлука и ја оценија како „историска грешка“, додека Европскиот парламент дури донесе и резолуција за поддршка на преговорите.

„Иако перспективите за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, најверојатно, зависат од тоа дали ќе биде постигнат консензус за реформа на процесот на проширување, се чини дека тоа, со или без значајни промени, сепак ќе се случи во 2020 година. Се друго би имало катастрофални последици по кредибилитетот на процесот на проширување, заклучува „Јуропеан Вестерн Балканс“.

Како значаен настан за Западен Балкан во 2020 година, порталот ги посочува и изборите во земјава, но и тие во Србија и во Црна Гора, а за кои оценува дека „можат да ги решат политичките кризи или да доведат до нивно продлабочување, што несомнено ќе има влијание врз целиот регион“.

Порталот посочува дека предвремените парламентарни избори во Северна Македонија, беа договорени откако Европскиот совет не донесе одлука за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

„Имајќи предвид дека Владата на (премиерот Зоран Заев) го смени името на Македонија, пред се, заради членството во ЕУ и покрај силното противење на опозицијата, француското „не“ и евентуалното не добивање одлука за почеток на пристапните разговори пред изборите, може да доведе до промена на власта и да има непредвидени последици, заклучува ЕВБ.

актуелно ЕУ македонија НАТО членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.