За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година обезбедени се милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10 279 лица.
При имплементација на мерките од планот ќе бидат почитувани три принципи – принцип на побрзо враќање на работа на лицата кои го изгубиле работното место поради пандемијата, принцип на диверзитет и инклузивност и принцип на рамномерен регионален развој.
Огласите за неколку од мерките денеска се објавени од страна на Агенцијата за вработување.
„Целта на Оперативниот план е различни ранливи категории невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја изгубиле работата поради корона кризата побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот. МТСП во соработка со Агенцијата за вработување годинешниот Оперативен план го креираше во согласност
со потребите на невработените лица и на претприемачите со единствена цел да обезбедиме поголема вработливост и намалување на невработеноста, како и вадење на граѓаните од социјален ризик“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на презентација на планот.
Таа најави дека и годинава ќе продолжи имплементацијата на Програмата за самовработување, односно претприемништво со која што се обезбедуваат грантови во висина од пет илјади евра за еден самовработен, односно 10 илјади евра за двајца содружници. Значајно е, рече, тоа што оваа година грантот ќе го добијат во парични средства, а со самото тоа се забрзува и процесот на отпочнување на самостоен
бизнис. За мерката Поддршка за креирање на нови работни места годинава се предвидени нешто повеќе од 513 милиони денари, односно 8,3 милиони евра. Ќе се имплеметира и мерка Економија на грижа, односно обука и вработување на лицата за услуги за грижа во заедницата за лица со попреченост и лица со хронична болест во
заедницата обезбедуваме обука за невработени лица за стекнување на
стручни квалификации и вештини.
„Невработените лица ќе посетуваат обуки што ќе траат три месеци за што ќе добиваат месечен надомест во износ од 9 000 денари, а обучувачите по 30 000 денари. Откако обуката ќе заврши лицата ќе се стекнат со соодветни вештини и знаења во наредните 10 месеци тие ќе обезбедуваат грижа за лицата со попреченост и лицата со хронични
болести и за тоа ќе добиваат месечен надомест од 30 780 денари. Со оваа мерка планирано е да бидат опфатени 150 лица, појасни Шахпаска.
Продолжува и мерката Практиканство, која ќе опфати 1 413 невработени лица до 34-годишна возраст кај работодавачи од приватен сектор, меѓутоа и од граѓанските организации. Оваа мерка обезбедување стекнување на работни вештини кај млади со минимум средно образование, без работно искуство со што се зголемува нивната вработливост. Продолжува исплатата на младинскиот додаток во износ од 3 000 денари месечно на 2 500 млади лица до 23 години вработени во директно производство, како и проектот Гаранција за млади.
Вцепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека Оперативниот план е создаден да ја врати работната силата на пазарот, но и да ја стимулира веќе постоечката сила која допрва треба да расте и да се развива, а со тоа и да се развива домашната економија.
Тој додаде дека мерките на новиот план се креирани врз основа на потребите на пазарот на труд, но и искуствата од минатите години. Лани, рече Битиќи, оперативниот план бил релизиран 94,5 проценти, а со него биле опфатени околу 11 илјади лица.







