Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска на средби со заменичката генерален секретар на НАТО, Готемелер и комесарот Хан
Македонија

Шекеринска на средби со заменичката генерален секретар на НАТО, Готемелер и комесарот Хан

октомври 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Брисел, по официјалното отворање на процесот на пристапните разговори на Македонија со НАТО, имаше одвоени средби со заменичката генерален секретар на Алијансата, Роуз Готемелер и со комесарот Јоханес Хан.

На средбите министерката Шекеринска рече дека по еден од најважните моменти на иднината за земјата, добивањето на поканата за членство на Македонија во НАТО, државата е фокусирана на започнатите пристапни разговори, за кои, изрази очекување дека ќе се одвиваат брзо, ефикасно и квалитетно.

„Вложивме големи напори за Македонија да биде целосно подготвена за пристапните разговори. Имаме големо искуство и огромна волја овие разговори да се завршат што поскоро и паралелно со исполнувањето на домашните обврски од Договорот со Грција, Македонија да го заземе своето заслужено место како полноправен член на Алијансата. Почетокот на пристапните разговори е потврда дека процесот продолжува, немаме дилеми дека сме на вистинскиот пат“ рече министерката на средбата со заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер.

Шекеринска истакна дека граѓаните на Македонија се убедени дека влезот во НАТО значи стабилност, сигурност и просперитет за целиот регион и дека тоа е едно од прашањата за кои постои целосен консензус и обединетост во Македонија.

„Владата, премиерот, но и огромен број граѓани на Македонија, над 600.000, донесоа храбра и прагматична одлука која ги отвора вратите кон просперитетна Македонија и просперитетен и безбеден регион. Сега е потребно иста таква одлука да донесат и оние чиј легитимитет им го дава токму народот, односно пратениците во македонското Собрание“, рече министерката и изрази очекување сите пратеници да ја поддржат европската и евроатлантска перспектива на Македонија.

На средбата со министерката Шекеринска, Готемелер рече дека поддршката од НАТО за Македонија продолжува и дека за членството на Македонија во НАТО нема план Б освен имплементацијата на Договорот од Преспа. Заменичката на генералниот секретар на НАТО рече дека сега се е во рацете на пратениците – во овој историски момент да ја реализираат стратешката определба на Македонија за интеграција во НАТО Алијансата.

На средбата на Шекеринска со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, беше речено дека Преспанскиот договор е единствената гаранција за реализација на аспирациите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. На потег се пратениците кои треба да ги надминат партиските разлики и да дејствуваат за иднината на државата – се согласија соговорниците, и заклучија дека е тешко да се верува дека во иднина ќе има подобар договор за решавање на спорот, и подобра можност за Македонија од оваа.

актуелно Брисел македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.