Чекањето на првото гренд слем финале уште од УС Опен во 2016 година не предизвика толку емоции колку чекањето на победата на Ѓоковиќ над Надал 26 часа после стартот на првото полуфинале на Вимблдон.
После вкупно 12 часа тенис на Централниот терен и два меча кои се играни на разлика, Ѓоковиќ му се придружи на Андерсон на утрешната средба која само про форма се нарекува финале. Тоа се чини веќе беше играно во текот на претходните два дена, во 53 тениско „ел класико“, второ најдолго во историјата на ова ривалство – 6:4, 3:6, 7:6 (11:9), 3:6, 10:8.
Новак со победа во полуфиналето скокна за дури десет места на АТП листата и за сега го завзема 11 место. Ако го совлада Кевин Андерсон во борбата за пехарот, ќе се врати во топ-тен, прв пат од ноември лани.







