Специјалната обвинителка Катица Јанева денес изјави дека нема да се отвори истрага за вмешани во „Скопје 2014“ додека не се утврди каде завршиле буџетските пари.
„Се додека не се проверат сите документи и не биде утврдено каде завршиле буџетски пари, кај кои физички или правни лица се одлеале, дали се тие во Македонија или надвор и кој ги користи, нема да се отвори истрага за одредени лица кои се директно инволивирани во проектот Скопје 2014“, изјави Јанева на конференцијата„Заробена држава – илустрирана преку случајот – изградба на проектот ’Скопје 2014’ во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија.







