Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени
Македонија

Џафери: Голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени

ноември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Можеби нема да има целосен консензус кога ќе треба да се усвојат амандманите согласно Преспанскиот договор, но голем дел од опозицијата ќе гласа за промените на Уставот, рече претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во обраќањето на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.

Македонија ќе ги заврши своите обврски за полноправно членство во предвидениот рок, истакна Џафери, изразувајќи надеж дека догодина ова време ќе бидеме триесеттата полноправна членка на Алијансата.

Во обраќањето испишано на шест страници, Џафери не се осврна на минатото, на Самитот на НАТО во Букурешт кога земјава беше блокирана и не стана полноправна членка на НАТО, иако тогаш, заедно со Албанија и Хрватска ги исполни условите за прием. Подвлече дека сака да зборува за сегашноста и прита се фокусира на Преспанскиот договор и неговата имплементација. Информира дека во Собранието почна постапката за промена на Уставот и дека Уставната комисија ја заврши дебатата по амандманите доставени од Владата кои, пак, се проследени на натамошна процедура пропишана со Деловникот.

„Следна фаза е широка јавна расправа по нацрт амандманите во која ќе учествуваат најразлични општествени субјекти од академската и експертската јавност, невладиниот сектор, бизнис заедницата,…Но, не би сакал да ве оптоварувам со процедурите, само сакам да ве запознаам со еден многу значаен факт а тоа е дека, за почнување на постапката за уставни промени, покрај парламентарното мнозинство гласеше и дел од опозицијата, бидејќи во моментов поголем дел од опозицијата се уште не го поддржува договорот со соседна Грција.

Ситуацијата не се разликува ниту во Атина меѓутоа, со одминување на секој ден, се чувствува промената во перцепцијата на овој нов момент во развојот на нашата млада држава, и јас верувам дека прогресивните, визионерските и вистинските родољуби ќе го направат вистинскиот потег за понатамошен сигурен напредок на Република Македонија и на крај, кога ќе треба амандманите да се усвојат во Собранието и да станат составен дел на Уставот, можеби нема да имаме целосен консензус меѓутоа, голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени, нагласи Џафери.

 

Потоа, додаде, е ред на Грција, односно ратификација на Договорот во грчкиот парламент, известување на претседателот на Советот на ЕУ дека дава поддршка за почеток на преговори за членство на Македонија и известување на Генералниот секретар на НАТО дека дава поддршка да се упати покана за пристапување на Македонија во оваа структура. Ова, според Џафери, ќе значи исполнување на стратешките определби на Република Македонија, усвоени уште од независноста во 1991 година.

„Ова ќе значи исполнување на целта за која работеле и придонесувале сите минати и актуелни носители на власта во земјата, потенцира претседателот на Собранието во обраќањето.

Се осврна и на референдумот кој, како што истакна, заради бојкотот на опозицијата не го исполни потребниот цензус на излезност. Меѓутоа, факт е дека мнозинството од над 630 илјади граѓани што излегоа да гласаат, со својот глас го подржаа Преспанскиот договор.

Оценка на Џафери е дека договорите за пријателство со Бугарија и за решавање на прашањето за името со Грција, ја вратија Македонија на евроатлантскиот колосек.

„Се разбира дека не беше лесно, имаше сомнежи и неверување, постигнувањето компромис никогаш не е лесно, секогаш ќе има некој незадоволен меѓутоа, не смееме да гледаме на тоа како на победничка и губитничка страна. Сите ние сме победници, затоа што отворивме пат на разумот да дојде до решение прифатливо за двете страни. И натаму нема да биде лесно. Сепак, докажавме дека кога се има волја, кога се има визија за иднината, сè се може, дури и да се поместат планини, затоа што состојбата на статус кво на моменти беше фрустрирачка и најмногу ја чувствуваа нашите граѓани, потенцира Џафери.

Обраќањето го заврши со пораката дека интеграциските процеси придонесуваат дефиницијата „Балканот како буре барут“ полека, но сигурно да замине во историјата.

„Верувам дека сите ние кои живееме на Балканот сме ја научиле историската лекција и во иднина ќе бидеме оаза на мирот, регионалната соработка и добрососедските односи, рече претседателот на македонското Собрание пред учесниците на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.

Грција Договор ЕУ македонија НАТО џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.