Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери: Партиите да ги приближат ставовите за Законот за Јавно обвинителство
Македонија

Џафери: Партиите да ги приближат ставовите за Законот за Јавно обвинителство

јануари 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска им порача на партиите што побргу да ги приближат ставовите за Законот за Јавно обвинителство.

„Мој повик, апел е да си ги приближат ставовите. Пораката од еврокомесарот Оливер Вархеји и изјавата на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние беше повеќе од јасна, рече Џафери денеска во изјава за медиумите во Собранието.

Според пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева најголемата опозициска партија нема слух за Закон за обвинителство.

„Во овој момент не гледам дека се загрижени и дека би сакале да седнат да поработиме на оваа тема. Мислам дека тоа е особено од моментот кога се најавија изборите, едноставно целосно го тргнаа на страна, тоа е мојот впечаток се надевам дека грешам, би била пресреќна да грешам и да се откочи процесот, рече Калеска Ванчева.

Претпоставувам, додаде таа, дека опозицијата смета дека на тој начин ќе успеат да го изменаџираат она што се случуваше и со предметите од СЈО, но за жал тоа е многу погрешен пристап.

„Ако сите се залагаме барем декларативно, и дека политиката треба целосно да ги тргне рацете од судската власт тогаш ова е тотално спротивно… Не е добро таков закон да го носи една политичка партија, односно политичката партија или пратениците од власта. За такви закони треба да имаме поширок консензус, рече Калеска Ванчева.

Според неа, одговорноста доколку не се донесе законското решение е подеднаква и на власта и на опозицијата.

На прашањето дали очекува од опозицијата компромисно решение за овој Закон и дали ќе повикаат на средби на работните групи, Калеска Ванчева рече дека постојано тоа го прават, но дека искрено во овој момент не гледа дека опозицијата е загрижена за оваа тема.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски смета дека би било добро да се донесе ова законско решение.

„Сметаме дека би било добро да се донесе, стоиме на располагање на владината група на парламентарното мнозинство ДУИ и СДСМ за конструктивни преговори каде би ги дале нашите предлози на донесување на закон согласно стандардите на Венецијанската комисија. Но, треба да се направат приоритети доколку за владиното и парламентарното мнозинство поважен е Законот за трговија со сува марихуана, а не е толку важен Законот за обвинителство тогаш тешко дека ќе можеме нешто да направиме и да донесеме, рече Милошоски.

актуелно закон Јавно обвинителство ставови џафери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.