Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Џуст аксес“: Бугарија ги злоупотребува ЕУ и меѓународното право
Европа

„Џуст аксес“: Бугарија ги злоупотребува ЕУ и меѓународното право

март 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бугарија ја држи како заложник политичката судбина на Северна Македонија со барања без преседан и ја злоупотребува ЕУ и меѓународните правни правила, поради што земјава би можела да покрене правен спор пред меѓународните судови,
оценува германската невладина организација „Џуст аксес“, пренесува Дојче веле на македонски јазик.

Во анализата насловена „Негиран пристап до ЕУ и правдата: Како постапките на Бугарија против Северна Македонија претставуваат злоупотреба на процедуралните правила за пристапување во ЕУ“, оваа невладина организација, која е специјализирана за меѓународни правни спорови и заштита на човековите права, наведува дека бугарската тактика на „виткање на раката“ започна во 2019 година, кога се прибегна кон вршење груб притисок во рамките на институциите на ЕУ врз основа на сомнителни и инструментализирани културни и историски тврдења
против Северна Македонија.

„Како што стојат работите, ова не само што претставува закана за дестабилизација на целиот регион, туку и ги отежнува односите меѓу Западниот Балкан и Унијата, се наведува во анализата, во која се посочува дека целта на текстот е да ги расветли главните чекори што го карактеризираат позитивниот однос на земјава со Унијата и да покаже како „непријателскиот став на Бугарија кон нејзиниот сосед е злоупотреба согласно меѓународното право во контекст на проширувањето на ЕУ“.

Според „Џуст аксес“, преговорите меѓу двете земји не треба да дозволат агресивниот и нефер став на „Бугарија кон нејзиниот сосед да остане незабележан, бидејќи нејзината инструментализација на правото на ЕУ и навредливите аргументи поврзани со културата и идентитетот, негативно влијаат на владеењето на правото во Европа“.

„Постојаното и инструментализирано спротивставување на Бугарија да ѝ се дозволи на Северна Македонија да го направи следниот чекор за влез во ЕУ ја засега целата Унија, не само Бугарија. Досега се чини како на Бугарија да ѝ е дадена слобода да ѝ наштети на политичката цел на својот сосед, злоупотребувајќи ги своите права и сложените процедури што се применуваат за проширувањето на ЕУ. Во меѓувреме, Северна Македонија наиде на пречки на патот кон ЕУ и покрај напорите кои беа поздравени од повеќето институции и земјите членки на Унијата“, се додава во анализата.

Според авторите на текстот, бугарската тактика ѝ наштетува не само на европската политика, отворајќи ја вратата за „понатамошно лизгање“ на Западниот Балкан во орбитата на другите големи сили, туку исто така ѝ штети и на самата идеја за владеење на правото на европско ниво.

„Однесувањето на Бугарија се чини дека се заснова на сомнителен коктел на политичка, културна и правна инструментализација. Постои веројатност ваквата состојба да остави трајно негативно влијание врз македонскиот народ и регионот, доколку не се преземе ништо околу ова прашање“, се оценува во текстот.

Германската невладина организација смета дека Бугарија ја злоупотребува ЕУ и меѓународните правни правила без вистински правни аргумент, па без судски средства за решавање на спорови овие повреди најверојатно нема да предизвикаат правни последици во оваа фаза.

„Северна Македонија би можела или треба да размисли за покренување на овој ‘спор’ пред меѓународен суд или тело, особено затоа што е на сила Договор за пријателство со Бугарија, кој е бесрамно прекршен од навредливиот став на Бугарија кон нејзиниот сосед. Сепак, ваквиот потег е навидум политички деликатен во моментот, бидејќи тоа
најверојатно ќе ги поттикне стравувањата дека процесот на пристапување на земјата кон ЕУ ќе заглави уште подолго. Ова е јасна манифестација на успешна кампања за уцена што Бугарија ја води против нејзиниот македонски сосед, со целосно искористување на нејзината релативна привилегирана позиција како земја членка на ЕУ“, се вели меѓудругото во анализата.

актуелно балкан бугарија Европа македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.