Авионот и автомобилот на Чаушеску продадени на аукција

Претседателскиот авион и автомобилот на поранешниот романски претседател Николае Чаушеску продадени се на аукција за неколку пати повисока цени од почетните.

Авионот „Ромбак 1-11“ кој Чаушеску го користеше до самото сменување од власта во 1989 година, продаден е за 120 илјади евра. Почетната цена му беше 25 илјади, пренесува агенцијата ДПА.

На аукцијата беше продаден и автомобилот „Пајкан Хилман Хантер“ кој на Чаушеску му го подари иранскиот шах Мохамед Реза Пахлави, тргнат со Исламската револуција во 1979 година.

Автомобилот е продаден за 95 илјади евра, речиси 24 пати поголем износ од почетната цена од четири илјади евра.