Постојат причини поради кои косата бргу се замастува иако сте ја измиле.
Мрсната коса може да биде последица од стрес и лоша исхрана, но и на навики за кои не знаеме дека се погрешни.
Ако косата ви се замастува веднаш после миењето, можеби грешите во „овие чекори“:
1. Премногу шампон
Иако мислите дека повеќе шампон ја прави косата почиста па ставате големи количини и тоа со неколку испирања, тоа е грешка.
Исто така не е добро косата да се мие секој ден затоа што на тој начин се поттикнува засиленото лачење на мрснотија. Идеално е косата да ја миете два пати во текот на неделата и само еднаш да и ставате шампон.
2. Топла вода
Топлината потикнува излачување на мрснотија па се препорачува косата да ја миете со млака, па дури и ладна вода.
3. Несоодветна четка
Ако имате коса која е наклонета кон мрсење, тогаш не се препорачуваат метални четки. Најдобро е да ги користите оние пластичните, со заоблени врвови.